Корисно: Како да ја избегнете сувата кожа оваа зима?
Како што температурите опаѓаат, така недостатокот на хидратација не доведува до испукана кожа на рацете и перутање на телото.
Како полесно да ја надминете оваа битка со сува кожа?
Хидрирајте се
Користете производи кои се наменети исклучиво за вашиот тип на кожа. Користете млеко за тело по секое туширање и крема за лице после секое миење. Така вашата кожа подолго ќе ја задржи влажноста.
Вазелинот е ваш најдобар пријател
Суви стапала? Суви лакти и колена? Вазелинот е решение кое може да го користите цела зима. Можете да го употребите како балсам за усни, крема за стапала, а и за вадење на шминката.
Носете крема секаде со вас
Чувајте ги своите раце. По секое миење премачкајте ги со тенок слој крема. Не заборавајте дека не смеете да ја нанесете на валкани раце.
Не се туширајте со жешка вода
Знаеме дека зимно време најубав е жешкиот туш, но тој ја суши вашата кожа двојно повеќе. Врелата вода ги отстранува природните масла од кожата, а што помалку масла има толку посува станува.
Масирајте ги усните со четка за заби
Никој не сака испукани усни. Со четка за заби направете благ пилинг, а потоа нанесете квалитетен балсам.
Лосион за отстранување на шминка
Користете лосион да отстранување на шминка, наместо тоник или влажни марамчиња. На овој начин ќе го спречите дополнителното триење на кожата кое може да заврши со иритации. Одберете лосион кој се вклопува со вашата ноќна крема и негувајте се.
Не се депилирајте пречесто
Влакната се грозни и самата помисла е малку непријатна, но нема потреба секојдневно да ги бричите влакненцата на нозете. Ако секојдневно поминувате со брич преку кожата се отстранува дел од кожата и доаѓа до лесно лупење.