Со 5 трикови ќе изгледате 10 години помладо

Ако сакате да ја задржите вечната младост, а без да правите скапи операции, добро ќе ви дојдат неколку трикови со кои ќе изгледате и до 10 години помладо.

so-5-trikovi-ke-izgledate-10-godini-pomlado-01

1. Задебелете ги веѓите

Полните веѓи прават да изгледате помладо. Користете моливче посветло од природната боја на веѓите за да ги пополните празнините, а потоа повлечете тенка линија над веѓите.


2. Користете коректор

Избегнувајте премногу силна шминка, бидејќи понекогаш таа знае да ви создаде брчки, особено околу очите, кои стануваат уште повидливи. Користете посветол коректор за подочниците, па пудра, која не би требало да се разликува многу од вашиот природен тен.

so-5-trikovi-ke-izgledate-10-godini-pomlado-1.jpg


3. Покријте ги линиите од носот до устата

Тоа се оние брчки кои се појавуваат од страните кога се смеете. Користете коректор кој е една нијанса посветол од природниот тен. Не го нанесувајте директно преку целата линија, туку потрудете се да ги скриете сенките од страна, така ќе спречите дефинирање на рабовите.


4. Помалку позирање со усните

Иако истакнатите усни во вид на бакнеж сè уште се тренд во позирањето, како одминуваат годините треба да ги избегнувате. Со таквото собирање на усните напред, полесно се создаваат брчки околу нив. Добро е да ги исцртате аглите на усните и да ставите коректор под долната усна за да ги покрите сенките.

so-5-trikovi-ke-izgledate-10-godini-pomlado-2.jpg


5. Направете го подбрадокот помалку видлив

Нанесете бронзер под него за две нијанси потемен од вашиот тен, додека подбрадокот, треба да ви биде благо исенчан.

Би можело да ве интересира:

7 работи кои прават да изгледате постаро отколку што сте навистина Темен лак за нокти кој ви ги нагласува несовршеностите на рацете и прстите, обле...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Сите нијанси на жолто - Идеи за пролетен маникир Металик или мат, нежна како банана или силно жолта... Која нијанса и стил се ваш...
Нагласени очи, многу руменило: Шминката од 1990-тите повторно станува хит (фото) Ако ви се допаѓа впечатливата шминка од 90-тите години на минатиот век, имаме до...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
Трикови што ги користат славните дами за беспрекорен изглед на црвениот тепих Носат чорапи за компресирање, долна облека што затега, но и перики – што сè прав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg