Нега на фарбана коса: Најчести грешки кои ги правите

Фарбаната коса бара посебна и поголема нега за разлика од нефарбаната коса. Хемикалиите кои се содржат во бојата за коса лесно може да ја оштетат структурата на влакната или да доведат до нејзино сушење, пукање или опаѓање.

nega-na-farbanata-kosa-najcesti-greski-koi-gi-pravite-01.jpg

Покрај влијанието на самите влакна хемиските својства штетно влијаат и на кожата на главата. Единствен начин да го зачувате здравјето на фарбаната коса е ако соодветно ја негувате и одржувате.

Ова се најчестите грешки кои треба да ги избегнувате ако имате фарбана коса:

Миењето со шампон еден ден по фарбањето е една од најлошите работи кои може да ги направите. Според испитувањата, хемикалиите од фарбата за коса ги отвораат кутикулите на влакната, а шампонот е премногу агресивно средство за косата во таква ранлива состојба. Најдобар избор е 3 дена по фарбањето. Ако баш морате да ја измиете, направете го тоа со регенератор.

Честото миење не е добро ни за косата која не е фарбана, а посебно лошо се одразува на фарбаната. Тоа не значи дека треба да ја заборавите хигиената, но поврмено мијте ја само со регенератор или со сув шампон.

Иако почесто ја миете косата со топла вода, доколку ви е фарбана, се препорачува да ја миете со малку поладна вода, бидејќи со топлата бојата побрзо избледува.

Прескокнувањето на регенераторот е најголема грешка која може да ја направите, бидејќи колку што фарбата ја прави посува, толку дополнително ја суши шампонот, а регенераторот е неопходен за да ја избалансира.

nega-na-farbanata-kosa-najcesti-greski-koi-gi-pravite-02.jpg

Сушењето на косата може да биде погубно и за квалитетот на бојата, а може да доведе и до пукање на косата. Не смеете многу грубо да ја бришете и сушите со пешкирот. Доколку користите фен, ставете го на најниска температура.

Преголемото изложување на сонце влијае на сушење и пукање на косата и избледување на бојата.

Ниските температури во зима имаат сличен ефект. Поради тоа важно е на фарбаната коса да користите креми или регенератори кои не се измиваат, а кои создаваат заштитен слој на вашата коса, како и УВ заштита.

Секое следно фарбање обидете се да го одложите малку подолго од рокот и трудете се да го фарбате само израстокот за да ја заштитите косата од влијанието на хемикалиите.

Фарбањето на косата не е доволно за таа да биде убава. Кога еднаш ќе ја постигнете посакуваната нијанса, мора внимателно и активно да се грижите и да ја одржувате.

Би можело да ве интересира:

14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...
9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...
Кратка коса - тренд кој го следат само најхрабрите македонски и регионални дами Неодамна Нина Бадриќ ги изненади своите фанови кога се појави со кратка коса. Но...
Идеи за фризури со кои ќе ја скриете мрсната коса (ако немате време да ја миете) Опавче со повеќе стегачи, елегантна пунџа, плетенки - постојат многу фризури кои...
4 трикови со кои локните ќе ви траат подолго од една вечер Немојте да ја миете косата пред виткање и користете помалку продукти како регене...
Колку често може да ја фарбате и бланширате косата без (премногу) да ја оштетите? Понекогаш наједноставниот начин да го трансформирате вашиот изглед е со промена ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg