Експеримент: 21 ден не го чистела лицето. Еве што се случило
Нема жена која барем еднаш не ја прескокнала својата рутина за чистење на лицето, но што ќе се случи ако таа навика ја игнорирате 21 ден?
Токму овој експеримент го пробала Агуста Фалета, која одлучила 21 ден да не се шминка, да не го чисти лицето и да не се мие.
Пред експериментот нејзината кожа била нормална, но по 21-от ден еве какви биле резултатите:
Сува и груба кожа
Најмногу се променила текстурата на кожата. Кога не го миете лицето, слојот од мртви клетки останува на површината и по само 3 недели целата текстура на кожата се менува. Веќе после 15-от ден Агуста забележала дека кожата станува неверојатно груба.
По експериментот започнала со повторно чистење на лицето, но дури и по цела недела нејзината кожа не можела да се врати во нормала.
Кожата престанала да ја впива кремата
Додека текстурата на кожата се менувала, истовремено почнала да не впива било какво средство за хидрирање. Без оглед на тоа дали нанесувала гел, крема, серум или лосион, нејзината кожа станала толку отпорна што не можела никако да ја негува.
На крајот, Агуста сфатила дека пилингот е најважен производ за одржување на кожата.
Нејзината единствена поука која ќе ја памети до крајот на животот е дека веќе никогаш не смее да ја прескокне рутината за чистење на лицето, ниту да заспие со шминка.