6 Трикови за неверојатно долги и густи трепки
Непланирано сте добиле повик за излегување и мора брзо да се подготвите? Најлесниот начин да блеснете е да ги нагласите вашите очи.
За да не губите време во лепење на вештачки трепки, послужете се со овие трикови со чија помош ќе го постигнете истиот ефект:
1. Алатка за виткање трепки
Пред да нанесете маскара задолжително користете ја алатката за виткање на трепки. Виткајте ги трепките од нивниот корен и држете ја алатката по 20-ина секунди, а резултатот ќе го забележите веднаш.
2. Бебешка пудра
Ако сакате да имате долги и густи трепки, направете го следново: Откако ќе ги навиткате трепките, ставете малку детска пудра. Почекајте неколку минути додека трепките не ја впијат пудрата, а потоа нанесете маскара. Ќе бидете воодушевени од добиениот изглед.
3. Искористете ја сенката
После нанесувањето на сенки во прав, немојте да го отстранувате вишокот кој останал на трепките. Маскарата нанесете ја преку сенката, бидејќи на тој начин ќе додадете дополнителен волумен на трепките.
4. Богати и дефинирани трепки
На трепките нанесете еден слој маскара, а потоа со некоја стара, претходно исчистена, четка за маскара „расчешлајте” ги трепките. Повторувајте го овој трик додека да го добиете саканиот ефект. Со малку труд и трпение, ќе добиете богати трепки.
5. Правилен начин за користење на маскарата
При нанесување на маскарата најдобро е да почнете од коренот на трепките така што четката ќе ја поместувате лево-десно. Ако сте повешти при користење на маскара, обидете се прво да ја нанесете на надворешниот дел, па полека одете кон средината на трепките. На овој начин вашите трепки нема да бидат неуредни.
6. Две маскари за заводлив поглед
За секси изглед на очите нанесете водоотпорна маскара на долните трепки, а на горните трепки, нанесете ја секојдневната маскара. Обрнете внимание на трепките кои се наоѓаат на надворешниот дел од окото, бидејќи откако ќе нанесете маскара на нив, дополнително ќе го зголемете изгледот на очите.