Направете сами: Природно средство за отстранување шминка
Наместо да купувате скапи препарати и производи, подобро е шминката да ја отстранувате со природни средства со кои ќе му овозможите и нега на лицето.
Комбинации со маслиново масло
Шминката од лицето, особено маскрата можете многу лесно и едноставно да ја извадите со малку маслиново масло. Ставете неколку капки на парче газа или памук и неколку пати лесно поминете по капаците.
Уште подобро е ако малку маслиново масло измешате со гел од алое вера, во сооднос 1:5. Покрај алое верата, може како замена да користите и филтрирана вода.
Мешавина со бебешки шампон
Во многу ситуации бебешкиот шампон има улога и на купка и на шампон, бидејќи е многу нежен за кожата. Затоа може слободно да го користите во мешавина за отстранување шминка.
Измешајте 2 лажици бебешки шампон, 1 лажичка бебешко масло или маслиново и 1 шолја топла вода.
Со оваа мешавина нанесена на парче памук, слободно поминете преку целото лице. Брзо ќе ја отстраните шминката, а ќе му овозможите нега и на лицето.