Направете сами: Природен ботокс од само 3 состојки

Како што времето и годините минуваат, на вашата кожа ќе се појават и првите знаци од стареењето и заморот. Наместо да ги купувате скапите креми кои се нудат низ продавниците, направете си маска во вашиот дом од природни состојки.

napravete-sami-priroden-botoks-od-samo-3-sostojki-1

Освен што состојките се по пристапни цени, оваа маска е неверојатна по самото тоа што резултатите ќе ги забележите веднаш по првото користење.

Вреди да го пробате овој природен ботокс, а еве како да го направите:

Потребни состојки:

  • 1 супена лажица густин
  • 5 супени лажици свежо исцеден сок од моркови
  • 1 супена лажица кисела павлака

Начин на подготовка:

Во половина чаша вода растворете го густинот, а потоа ставете го тенџерче и додајте 100ml зовриена вода. Варете го на тивок оган, додека да се згусне.

Потоа, откако смесата малку ќе се олади, додајте го свежо исцедениот сок од моркови и киселата павлака. Добро промешајте и нанесете ја смесата на чисто лице да постои 25-30 минути.

Најдобро е пред да ја ставите маската, да направите пилинг на лицето.

На крајот, маската измијте ја со топла вода и на лицето ставете хранлива крема, а остатокот од маската ставете ја во ладилник.

За најдобри резултати, маската ставајте на лице 3 дена по ред.

Оваа маска добро го хидратизира лицето, ги отстранува трагите од умор и брчките, а кожата станува затегната, еластична и мека. 

Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Краставица против црвенило и 7 трикови за убавина за секоја пригода Стапалата на нозете ви се груби, а турпиите и кремовите не ви помагаат? Треба са...
Бизарен ТикТок тренд: Зошто девојките низ светот почнаа да спијат со лепенки и стегачи на лицето? „Колку погрд ќе си легнеш, толку поубав ќе се разбудиш“ е мотото на инфлуенсерки...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
Ивона Јо - девојка на чие лице прилега секоја фризура (фото) Од русокоса со залижана момчешка фризура до бринета со разиграни локни, на цртит...
4 фризури со шишки кои изгледаат добро на секаков тип коса Овие видови шишки прилегаат и на жени со права, но и на жени со прекршена и кадр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg