Осветлете ја косата со помош на цимет
Циметот не е само ароматизиран зачин, туку и алтернативно средство за осветлување на косата, кое ќе ви помогне таа да биде сјајна, мека и свилена на допир.
Мирисот на косата ќе биде неверојатен, а сѐ што ви е потребно е само да ја направите оваа лесна и едноставна маска за коса.
Најдобар ефект се постигнува кај оние со посветла природна коса како руса или светло кафена, а бринетите ќе мораат да бидат трпеливи и да ја повторуваат процедурата неколку пати.
Потребни состојки:
- 3 супени лажички мед
- 3 супени лажички цимет
- 5-6 супени лажички регенератор за коса
Количината на овие состојки е прилагодена за долга коса. За средна големина на коса, односно до рамена, преполовете ги состојките.
Начин на подготовка:
Во стаклен сад помешајте го медот и циметот, додека да се соединат. Откога ќе добиете една смеса, додајте го регенераторот за коса и повторно промешајте. Сега смесата е подготвена за нанесување.
Откога ќе ја нанесете ставете најлонска кеса и замотајте ја во пешкир и држете 30 минути, а потоа оставете ја само кесата уште 4 часа. На крај, темелно измијте ја косата со топла вода.
Резултатите ќе бидат воочливи веднаш.