5 Природни препарати за чистење на лице кои можете сами да ги направите

За да имате нежна и убава кожа, не ви се потребни скапи производи за нега, па наместо да купувате направете ги овие едноставни и природни препарати.

5-prirodni-preparati-za-cistenje-na-lice-koi-mozete-sami-da-gi-napravite-1

Во текот на летниот период нашето лице е изложено на разни фактори кои ја уништуваат убавината на кожата како што се хлорот, сонцето, солта, а секако и шминката која во топлите денови мора да е сведена на минимум.

Подгответе го вашето лице за претстојната нега со некои од овие 5 препарати:

1. Кокосово масло

Кокосовото масло може да го елиминира сјајот кој се собира на кожата во текот на денот, но без притоа да го лиши лицето од природни масла, кои му се потребни. Кога ќе го нанесете на лицето, кокосовото масло ќе ја отстрани влагата и ќе ја остави вашата кожа нежна и здрава.

5-prirodni-preparati-za-cistenje-na-lice-koi-mozete-sami-da-gi-napravite-3

Начин на употреба: Потребни се 2 или 3 капки кокосово масло со кои нежно ќе го масирате лицето 30тина секунди. Потоа земете топла крпа, за да ги отворите порите, притиснете ја за лицето и по 15-30 секунди избришете го лицето.


2. Јаболков оцет

Јаболковиот оцет ќе ја врати pH вредноста на вашата кожа и ќе се погрижи таа да не биде ни премногу сува, ниту премногу масна. Тој содржи pH 5, што е доста блиску до идеалната pH вредност на човековата кожа.

5-prirodni-preparati-za-cistenje-na-lice-koi-mozete-sami-da-gi-napravite-2jpg

Начин на употреба: Користете го како природен тоник. Промешајте 1/3 јаболков оцет со 2/3 вода и течноста нанесете ја на лицето со помош на памук. Откога вашата кожа ќе се исуши, нанесете од вашата дневна крема за лице.


3. Мед и лимон

Киселината од лимонот ги убива бактериите, поради кои се појавуваат акни на лицето, а медот е природно антибактериско средство преполно со антиоксиданси. Во комбинација, медот и лимонот го забавуваат стареење и ја хидратизираат кожата.

5-prirodni-preparati-za-cistenje-na-lice-koi-mozete-sami-da-gi-napravite-4

Начин на употреба: Помешајте две кафени лажички мед со една кафена лажичка свежо исцеден лимонов сок. Со прсти нанесете ги состојките на лицето и вратот, почекајте да се исуши, а потоа исплакнете го лицето со млака вода.


4. Јогурт

Редовното нанесување на млечна киселина, која ја содржи токму јогуртот, ќе и помогне на вашата кожа да ги отстрани мртвите клетки.

5-prirodni-preparati-za-cistenje-na-lice-koi-mozete-sami-da-gi-napravite-5

Начин на употреба: Нежно масирајте го лицето со тенок слој на јогурт, а потоа оставете го да дејствува неколку минути и измијте го лицето со топла вода. Овој препарат е одличен за отстранување на шминката од лицето.


5. Маслиново масло

Ова масло е одлично за оние кои имаат сува кожа, а антиоксидансите кои ги содржи ја ублажуваат иритираната кожа.

5-prirodni-preparati-za-cistenje-na-lice-koi-mozete-sami-da-gi-napravite-6jpg

Начин на употреба: Подгответе ноќна крема со пола кафена лажичка маслиново масло, ¼ чаша оцет и ¼ чаша вода. Темните дамки од кожата ќе ви избледат, а утрото ќе се разбудите со нежна, здрава и убава кожа.

Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
Бизарен ТикТок тренд: Зошто девојките низ светот почнаа да спијат со лепенки и стегачи на лицето? „Колку погрд ќе си легнеш, толку поубав ќе се разбудиш“ е мотото на инфлуенсерки...
Нагласени очи, многу руменило: Шминката од 1990-тите повторно станува хит (фото) Ако ви се допаѓа впечатливата шминка од 90-тите години на минатиот век, имаме до...
Дали влакната растат погусти и што друго треба да знаат жените пред да го избричат лицето? Иако кожата може да биде помека, важно е да знаете дека бричењето на лицето не е...
Ивона Јо - девојка на чие лице прилега секоја фризура (фото) Од русокоса со залижана момчешка фризура до бринета со разиграни локни, на цртит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg