3 Совети за брзо отстранување на масниот сјај од челото, брадата и носот

Дополнителната сјајност на пределот околу носот, челото и брадата се јавува како резултат на додатното лачење на потните жлезди, кои ги затвораат порите и предизвикуваат појава на митесери.

3-soveti-za-brzo-otstranuvanje-na-masniot-sjaj-1

Овие неколку совети ќе ви помогнат да го решите проблемот и да и подарите нега на вашата кожа, онака како што таа заслужува.

Одете чекор по чекор и отстранете го масниот сјај:

1. Чистење

Првиот чекор во отстранувањето на масниот сјај од Т зоната на лицето се состои во чистењето на кожата наутро и навечер. Одберете нежен тоник за миење на лицето со ниски Ph вредности кои ќе го отстранат вишокот масти од лицето, но нема да го уништат неговиот заштитен слој. Немојте да користите груби сапуни за миење на лицето, а еднаш неделно направете пилинг на целото тело.

2. Маска за негување на кожата

Еднаш неделно освен пилинг, ставајте маска која ќе ги тргне вишокот на масти од подрачјето на брадата, носот и челото. Од голема помош ќе ви биде зелената глина, свежа краставица исечкана на кругови и една лажичка јогурт. Помешајте ги сите состојки и нанесете ги на чисто лице, држете ја маската половина час, а потоа исплакнете со ладна вода.

3. Обрнете внимание на шминката

Агресивните козметики додатно ви одмагаат во борбата против мастите на Т зоната. Одберете нежна пудра и други препарати за лице. Најдобро е да нанесувате органска козметика која содржи природни киселини и витамините А и Е. 

Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Бизарен ТикТок тренд: Зошто девојките низ светот почнаа да спијат со лепенки и стегачи на лицето? „Колку погрд ќе си легнеш, толку поубав ќе се разбудиш“ е мотото на инфлуенсерки...
5 вежби со кои ќе ги намалите брчките и масните наслаги на лицето Овие вежби за лице се лесни за изведување и може да ги правите каде било, а ќе в...
Ивона Јо - девојка на чие лице прилега секоја фризура (фото) Од русокоса со залижана момчешка фризура до бринета со разиграни локни, на цртит...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
Шминки што треба да ги избегнувате по 40-тата година (прават да изгледате постаро) Многу темно моливче за веѓи, како и многу светол, скоро бел коректор кој не е со...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg