10 фризури (и бои на коса) со кои ќе изгледате постаро
Избегнувајте совршен патец ако имате темна боја на косата, но и рамни шишки до над веѓите - ова додава години на секоја дама.
Не постои идеална боја на косата што им одговара на сите, исто како што не постои ни фризура што ѝ стои добро на секоја жена.
Но, и покрај тоа постојат бои и фризури кои се подобри во однос на некои други.
Токму затоа погледнете кои фризури и бои на косата ќе направат да изгледате постаро (и обидете се да ги избегнувате).
Како пример за добар или лош избор зедовме неколку славни дами (кои и самите направиле грешки во минатото):
Потопли тонови за светла кожа
Ако имате светла кожа, тогаш избегнувајте постудени тонови, како на пример платинеста руса или пепелеста руса.
Подобро е да изберете нијанси кои ќе имаат топли тонови, како медово руса, карамел или бакарно руса боја.
„Не“ за совршен патец + темна боја на косата
Темната коса најлошо го крие пораснатиот корен. Уште ако ја поделите во совршено мазен патец - ќе се види секое бело влакно.
Наместо тоа, изберете кафени тонови, осветлете неколку прамени, а патецот, дури и да е совршено поделен, не го залижувајте, туку нека има волумен.
Патец на средина е погрешен избор
Ако изберете ваква фризура, која ќе ви ги нагласи цртите на лицето, имајте предвид дека под „строгите линии на косата“ ќе се нагласат и брчките што сакате да ги скриете.
Наместо тоа, префрлете ја косата преку едната страна (да има малку волумен).
Рамни шишки до над веѓите
Иако шишките го покриваат челото и брчките на него, рамните шишки до над веѓи додаваат години.
Подобро е да носите подолги шишки кои ќе ги префрлите преку едната страна на челото.
„Не“ за бои кои се тешки за „одржување“
Под некои бои, како платинесто руса, веднаш се забележува темниот корен.
За да не мора да ја бојадисувате косата еднаш неделно, подобро е да изберете „помеки“ тонови.
Уште 5 на следната страница...
Би можело да ве интересира:





