Јован Кароски со мејкап совети за идните невести: „Розови тонови, природен изглед и пунџа за совршен изглед“

„Таканаречениот No мakeup тренд, односно природен изглед, е еден од трите најбарани невестински типови на шминка во 2024 година, а се добива многу лесно“, вели шминкерот и фризер Јoван Кароски за CRNOBELO.com.

jovan-karoski-so-mejkap-soveti-za-idnite-nevesti-rozovi-tonovi-priroden-izgled-i-pundja-za-sovrshen-izgled-01.jpg

Нашиот шминкер и фризер, Јован Кароски, во своето мејкап студио со години ги разубавува жените од Македонија, познати личност од регионот, а голем предизвик му се и невестите и осмислувањето на нивниот изглед за еден од најубавите денови во нивниот живот.

Јован, кој работи со многу љубов, во сезоната на свадби за CRNOBELO.com, откри кои се најголемите трендови за шминка и фризура кај невестите.

jovan-karoski-so-mejkap-soveti-za-idnite-nevesti-rozovi-tonovi-priroden-izgled-i-pundja-za-sovrshen-izgled-18_copy.jpg

Па ако се подготвувате за свадба, прочитајте ги неговите совети:

„Оваа година фокусот на невестинската шминка е ставен на здравата и сјајна кожа како одлична подлога и за минималистичкиот и за гламурозниот изглед.

Таканаречениот No makeup тренд, односно природна шминка е еден од трите најбарани невестински типови на шминка во 2024 година.

За да се добие ваквиот изглед, потребно е лицето да е хидрирано, па да се нанесе пудра со лесна покривна моќ, а која во својот состав има поголемо присуство на вода.

jovan-karoski-so-mejkap-soveti-za-idnite-nevesti-rozovi-tonovi-priroden-izgled-i-pundja-za-sovrshen-izgled-10.jpg

Во однос на боите, моја препорака за идните невести е нежно розово руменило за девојките со светол и нежен тен, но и за оние кои сакаат да постигнат романтичен изглед.

Бојата на усните исто така треба да е нежна - кармин во розови нежни тонови или само розов сјај.

Овој изглед се дополнува со пастелните сенки за очи, кои даваат свеж и разигран елемент во свадбената шминка, а моја препорака се нијансата на лаванда, нежно розовата или бојата на праска.

Ова може да се искомбинира со тенка линија туш на очите.

jovan-karoski-so-mejkap-soveti-za-idnite-nevesti-rozovi-tonovi-priroden-izgled-i-pundja-za-sovrshen-izgled-13.jpg

За невестите кои сакаат посмел изглед, или таканаречен Glam makeup, важно е да бидат нагласени и очите и усните.

Првенствено се мисли на веѓите кои треба да се исцртани и потемни и на посилните линии со тушот.

Посмелиот тренд опфаќа земјени тонови на сенката за очи: крем, темно кафеави, па и црни сенки, а во комбинација со силни трепки за поинтензивен изглед.

Врз сенката за очи, во средишниот дел на окото се нанесуваат светки кои ќе му дадат гламур на целиот изглед.

Усните се смело исконтурирани, најчесто со кафеаво моливче, а средишниот дел е исполнет со поинтензивни бои на кармин: жешко црвен, темно црвен во нијанса на вино.

Но, овој изглед со силно нагласени очи, може да се комбинира со кармин со корални бои.

jovan-karoski-so-mejkap-soveti-za-idnite-nevesti-rozovi-tonovi-priroden-izgled-i-pundja-za-sovrshen-izgled-08.jpg

Кога невестата ќе избере гламурозна шминка, косата треба да биде собрана во лежерна,  елегантна пунџа, благо дефинирани бранови или строго оформени локни.

Сето ова може да се украси со бисери или тијара, но и вел.

Ако, пак, невестата се реши за природен изглед, вистински избор за фризура е ниска класична пунџа на која патецот може да биде на средина или на страна.

Овој изглед може да се дополни со бисери или дискретен невестински накит“.

jovan-karoski-so-mejkap-soveti-za-idnite-nevesti-rozovi-tonovi-priroden-izgled-i-pundja-za-sovrshen-izgled-16.jpg

Повеќе фотографии на следната страница...



Би можело да ве интересира:

5 летни фризури кои веднаш ќе ве подмладат Понекогаш треба само малку храброст да ја замените фризурата што ја носите со го...
18 тренди фризури за кратка коса според обликот на вашето лице Дали имате овално, тркалезно или лице во форма на срце? Според формата на лицето...
Ивона Јо - девојка на чие лице прилега секоја фризура (фото) Од русокоса со залижана момчешка фризура до бринета со разиграни локни, на цртит...
9 (ризични) фризури кои не им стојат добро на сите Многу кратката боб фризура ќе треба постојано да ја стилизирате, а и се чини дек...
Сите нијанси на жолто - Идеи за пролетен маникир Металик или мат, нежна како банана или силно жолта... Која нијанса и стил се ваш...
Србинка со помош на шминка е копија на Адријана Лима Кога природната убавина ќе биде надополнета со одлична шминка, тогаш имаме вакви...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg