Која е долгоногата црнокоса убавица што го привлече вниманието на Shtip Fashion Days 2024?
Aтрактивната црнокоса го привлече вниманието на ревиите на Shtip Fashion Days 2024.
Александра Салковска од Скопје е една од манекенките која со својот изглед го привлече вниманието на настанот Shtip Fashion Days 2024.
Таа активно со манекенството се занимава веќе две години, како член на модната агенција „Моделс Ин“.
За нејзиното искуство во модниот свет, Александра споделува за CRNOBELO.com:
„Отворањето на Shtip Fashion Days беше навистина прекрасно организиран моден настан, атмосферата беше одлична, и на сцената и во бекстејџ.
Организаторите и целата екипа, која беше вклучена, беа многу професионални.
Настанот имаше одлична посетеност, многу луѓе од светот на модата беа во Штип, навистина супер искуство за секој кој беше дел од настанот.
Местото каде се одржуваа ревиите според мене повеќе одговара за алтернатива мода, но сепак сѐ изгледаше добро.
Треба да има повеќе вакви настани во годината, каде модните креатори ќе имаат простор да ги претстават своите дизајни, и секако, ќе можеме и ние како модели да се претставиме пред широка публика.
Инаку, мора да напоменам дека исклучително сум задоволна од начинот на кој работи мојата агенција „Моделс Ин“, поддршката и искуството кое таму се стекнува е од големо значење за мене како млада манекенка.
Во моето досегашно искуство, имам работено на голем број значајни модни проекти во земјава. Надвор засега не сум имала ангажман, но понатаму дефинитивно би сакала да работам и во странство.
Во моментов сум фокусирана и на моето факултетско образование кое ќе го започнам следната година во странство“.