Идеи за нежен маникир кои покажуваат дека убавината е во едноставноста
Овие идеи ќе ве убедат дека сепак „помалку е повеќе“, а сигурно ќе ве инспирираат за вашиот следен маникир.
Природниот изглед на ноктите секогаш е посакуван, токму поради тоа што е безвременски, а и доста едноставен. Дури и со мали детали, неутралната боја на нокти се вклопува со буквално сè што имате во вашиот плакар и го надополнува секое парче накит што го поседувате, што не е секогаш едноставно да го постигнете со каква било друга нијанса.
Неколку предлози за сладок и природен изглед на вашите нокти:
Суптилна розова омбре
Со розовата боја нанесена на основата, а која потоа кон врвот се топи во класична кремасто бела боја, овој омбре природен ефект на ноктите ќе ви даде дополнителна елеганција и нежност.
Минималистички детали
Ако сакате да додадете нешто дополнително, а необично на вашиот природен дизајн на ноктите, додајте некој минијатурен детаљ, како само една точка во друга боја.
Суптилен француски маникир
Ако не можете да се одлучите помеѓу целосно кремастите нокти и класичниот француски маникир, тогаш овој минималистички пристап ќе ви даде двојно задоволство.
Тенката бела линија на врвот е сè што ви треба за да го постигнете овој ефект.
Позлатен минималистички француски маникир
За да го рекреирате изгледот, минималистичкиот француски дизајн надоградете го со тенки ленти од сјајно злато.
Природни нокти со златни снегулки
Друг начин да додадете златен детаљ на вашите нокти е да ставите златни снегулки на еден или два акцентирани нокти.
Сè друго нека биде во неутрална нијанса која ви одговара.