Зошто наесен ви паѓа повеќе коса + како да го поттикнете нејзиниот раст?
Хранете се здраво
Како и за сè друго, така и за здравјето на косата многу е важно правилно да се исхранувате.
Внесувајте повеќе протеини, витамини и минерали кои се особено важни за силна и здрава коса, а исто така можат да ви помогнат во борбата со опаѓањето.
Најдобро е да вклучите витамин А, Б, Ц, магнезиум, железо, цинк и калциум.
Какви фризури да одберете за да го намалите ризикот од опаѓање на косата?
Ако имате навика да ја носите косата цврсто собрана и затегната, тогаш тоа дополнително може да доведе до опаѓање и кршење на влакната. Всушност, постојаното носење затегнати пунџи, плетенки, опавче и слично, на долг рок може да биде лошо за вашата коса.
Затоа, во иднина може да се обидете со менување на навиките и користење на некои од следниве совети.
Менувајте ја фризурата почесто. Со ова ќе го намалите ризикот од постојаното влечење на истите прамени, па ќе ѝ дозволите на вашата коса да заздрави.
Не ја стегајте. Исто така, добро е да изберете поопуштени стилови на фризури, на пример не толку стегнати плетенки или, пак, опавче кое ќе биде врзано подолу и нема да предизвика влечење на косата.
Променете ги модните додатоци. На пример, ако се одлучите за опавче врзано погоре, тогаш одберете свилени или памучни стегачи кои нема да влечат толку многу како класичните ластичиња.
Поттикнете ја вашата коса да расте побрзо
Сакале или не, некои луѓе во голема мера го доживуваат сезонското опаѓање на косата. Како што веќе видовме, постојат неколку начини на кои можеме да го намалиме, но не и целосно да го елиминираме овој процес.
За да ѝ го вратите животот на вашата коса по есенската промена на времето, ви препорачуваме неколку маски кои ќе го поттикнат нејзиниот раст и ќе ја направат посилна и погуста.
Маска за коса од алое вера
Алое верата ќе го поттикне растот на вашата коса и ќе ја направи посјајна.
Измешајте две лажици гел од алое вера со една лажица растопено кокосово масло, па нанесете ја на косата. Оставете да делува околу 30 минути, а потоа исплакнете темелно.
Маска за коса со кокосово масло и цимет
Масните киселини во кокосовото масло помагаат за обновување на косата, додека циметот ја стимулира циркулацијата на крвта.
Користете ја оваа маска еднаш неделно и држете ја на косата околу 30 до 40 минути.
Маска за коса со сок од кромид и мед
Оваа маска е одличен „лек“ за тенка коса. Сокот од кромид ја зголемува циркулацијата на крвта и го поттикнува растот на косата.
Комбинирајте една лажичка мед со две лажички сок од кромид и нанесете на скалпот и косата. По дваесетина минути обилно измијте со вода.
Маска за коса од авокадо и банана
Оваа маска длабоко ја регенерира косата, го спречува кршењето и го подобрува нејзиниот раст. Авокадото и бананите се богати со протеини и ѝ овозможуваат на косата да ја врати потребната свежина.
Изгмечете половина авокадо со една банана, додека да добиете мазна паста. Потоа нанесете ја смесата од коренот до врвовите и оставете ја да постои најмалку 15 минути, па потоа исплакнете со топла вода.
М. Ѓ | Црнобело / фото: freepik.com