Зошто косата ви се мрси често и како да се справите со овој проблем?
Внимателно со продуктите како маска за коса
Продуктите како маска, регенератор и кондиционер не треба да се нанесуваат на скалпот, туку само по должината на косата.
Ако ги нанесувате на скалпот, може да остане малку од нив, поради што косата ќе ви изгледа мрсна речиси веднаш по миењето.
Користете продукти за мрсна коса
Внимателно одбирајте ги продуктите за коса и фокусирајте се на оние за мрсна коса.
Сепак, ако треба секојдневно да ја миете косата – поради вежбање или ако е многу жешко – подобро користете бебешки шампон кој е многу понежен.
Чистете ја четката за коса
Потрудете се да ја чистите четката за коса барем преку еден ден.
На неа лесно се акумулираат маснотии и нечистотии, па ако не ја чистите, само ќе си го влошите проблемот со мрсна коса.
Добро исплакнете ја косата
Осигурајте се дека темелно ќе ја исплакнете косата по секое миење.
Односно, не е доволно само да ја полиете со вода, туку масирајте го скалпот додека ја плакнете.
Не си играјте со косата
Кога ја допирате косата, на неа ги пренесувате сите масла и нечистотии од прстите.
Што значи, ова ќе ви го влоши проблемот.
Па, пробајте максимално да го избегнувате допирањето на косата.
Користете шампон за суво миење
За да не ја миете косата секој ден, пробајте преку еден ден да користите шампон за суво миење.
Носете ја косата пуштена
Потрудете се да ја носите косата пуштена што е можно почесто. Кога ја собирате во пунџа или опавче, маслата од скалпот се распоредуваат повеќе, па косата ќе ви изгледа помрсна.
Покрај тоа, честото собирање на косата може да ја оштети.
Консултирајте се со лекар
Ако мрсењето на косата ви претставува сериозен проблем, секогаш е добро да се консултирате со лекар.
Тој ќе утврди која е причина за оваа појава и ќе ви даде насоки за третирање.
Спирова С. | Црнобело