10 трикови со кои ќе ја задржите свежината и ќе изгледате помладо
Прикријте ги линиите на челото со шишки, не го ставајте руменилото под јаболчниците туку над нив, ако се фарбате, бирајте посветли бои кои ќе ве подмладат и уште неколку тајни со кои ќе ги задржите свежината и младоликоста повеќе отколку досега ако сте правеле некои грешки.
Не постои вечна младост, но тоа не ги спречува жените да се негуваат и да ја зачуваат својата младоликост и свежина во изгледот, независно од годините.
Освен многуте препарати за нега, постојат и трикови, со кои многу дами се служат за да ги прикријат работите кои не им се допаѓаат.
Со правилен избор на боја на коса и фризура, тип на облека и шминка, можете да изгледате помладолико отколку ако направите погрешни избори при стилизирањето.
Погледнете неколку трикови во продолжение:
Потстрижете ја косата степенасто за поголем волумен
Носете блузи со V-отвор на деколтето за да не го истакнете само вратот со брчки
Користете сенки во бисерна и шампањ боја во внатрешноста и под окото за посвеж изглед
Не го ставајте руменилото под јаболчниците туку над нив за лицето да ви изгледа подигнато
Не ги истакнувајте очите со црна боја, со тоа ги правите поуморни
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





