Водич за големиот ден: Како навреме да ја испланирате свадбата до детаљ?

Од моментот кога ќе се стави прстенот до рака до големиот ден кога се слави љубовта, следи еден тежок период на подготовки и организација.

vodich-za-golemiot-den-kako-navreme-da-ja-isplanirate-svadbata-do-detalj-01.jpg

Иако многумина се одлучуваат побрзо да заврши целиот тој процес, сепак некое идеално време за организирање на свадба се смета дека се 12 месеци.

Па, доколку и вие планирате да правите свадба 1 година по запросувањето, добро е да знаете како точно треба да се одвиваат месеците и подготовките за да не пропуштите нешто.

До најмал детаљ, што и кога треба да правите за прославата да биде идеална и без пропусти и доцнења со организација и нервози:

12 месеци пред големиот ден

Ова е идеално време за да се испланира свадбата без стрес и брзање.

Треба да почнете со идеја за тоа што сакате и како сакате да изгледа, да направите листа од неколку места за прослава, за украсување, избор на музика, фотографија, торта и тим за шминка и фризура.

vodich-za-golemiot-den-kako-navreme-da-ja-isplanirate-svadbata-do-detalj-02.jpg

10-12 месеци претходно

  • Дефинирајте датум
  • Резервирајте бенд/диџеј
  • Резервирајте простор за прослава
  • Најмете фотограф
  • Одлучете кои ќе бидат кумови/старосвати
  • Почнете полека со листата на гости

vodich-za-golemiot-den-kako-navreme-da-ja-isplanirate-svadbata-do-detalj-03.jpg

8-10 месеци претходно

  • Време е да се купи/резервира/шие венчаница
  • Финализирајте ја листата на гости
  • Направете список со желби за декорација, кетеринг, торта, сместување на гости од друг град и сл.

vodich-za-golemiot-den-kako-navreme-da-ja-isplanirate-svadbata-do-detalj-04.jpg

6-8 месеци претходно

  • Кажете им го на повеќето гости датумот
  • Ангажирајте кетеринг служба
  • Простор за додатни работи на кои не сте се сетиле претходно

vodich-za-golemiot-den-kako-navreme-da-ja-isplanirate-svadbata-do-detalj-05.jpg

4-6 месеци претходно

  • Средете ги документите потребни за потпишување
  • Купете бурми
  • Нарачајте покани и декорации
  • Одберете и бидермаер

vodich-za-golemiot-den-kako-navreme-da-ja-isplanirate-svadbata-do-detalj-05 (1).jpg

2-4 месеци претходно

  • Организирајте превоз за вас и за гостите кои не се од тука
  • Испратете покани
  • Закажете шминка и фризура
  • Одберете песна за прв танц и вежбајте го 

vodich-za-golemiot-den-kako-navreme-da-ja-isplanirate-svadbata-do-detalj-06.jpg

2 месеца претходно

  • Венчаницата и оделото веќе треба да ги имате и да бидат точни
  • Финализирајте договор со локалот каде ќе се одржи свадбата
  • Сретнете се со бендот/диџејот да договорите репертоар
  • Со фотографот договорете локација и стил на фотосесија
  • Организирајте принтање на додатоци (картички за гости, беџови и сл.)

vodich-za-golemiot-den-kako-navreme-da-ja-isplanirate-svadbata-do-detalj-07.jpg

Неколку недели претходно

Сега е вистинско време да проверите сè по ред од списокот – локација, декорации, фотограф, снимател, музика, шминка/фризура, кетеринг, потврдување на сите договори за да нема непријатни изненадувања, облека, превоз, сместување и сè останато што сте замислиле.

vodich-za-golemiot-den-kako-navreme-da-ja-isplanirate-svadbata-do-detalj-09.jpg

На големиот ден

Ова е моментот кога сте направиле сè во ваша моќ за да се погрижите да биде совршено. Ако ги завршите сите чекори претходно навреме, би требало да се чувствувате како гостин на сопствената свадба и целосно да уживате во денот без да се грижите за ништо.

vodich-za-golemiot-den-kako-navreme-da-ja-isplanirate-svadbata-do-detalj-10.jpg

По свадбата

  • Заблагодарете им се на сите гости
  • Подмирете ги останатите долгови
  • Испратете им на гостите фотографии кои можеби не ги добиле или би сакале да ги имаат

vodich-za-golemiot-den-kako-navreme-da-ja-isplanirate-svadbata-do-detalj-11.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5.000 гости, 10-дневна прослава: Како изгледа свадбата на синот на најбогатиот султан на светот? На главната забава биле поканети 5.000 гости, а со сите церемонии, свадбата ќе т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg