20 лежерни венчаници кои може да се носат и по големиот ден (фото)
Опуштените свадби се сѐ почест избор на многубројни парови. А, согласно лежерниот тон на церемонијата, такви се и фустаните што младите дами ги избираат за големиот ден. За таа намена, ви ги издвоивме дваесетте најубави модели на венчаници од актуелната понуда.
Традиционалните венчаници одамна излегоа од мода. Притоа, не се ни практични, ниту пак може да ги носите после самата свадба.
Затоа, сѐ повеќе жени денес се одлучуваат за поскромна и покежуал варијанта, односно бели фустани во кои нема да изгледаат екстравагантно.
Mноштво познати дизајнери и модни куќи, како што се The Row, Jil Sander, Self-Portrait, Jason Wu или Roland Mouret, во својата понуда имаат модели што се идеални за опуштени венчавки. А, вакви фустани може да пронајдете и во бутиците за висока улична мода, од H&M до Mango.
Од галеријата во продолжение, погледнете ја нашата селекција на лежерни венчаници, кои може да се носат и по големиот ден:
M. A. | Црнобело