Каскадни невестински букети, детаљ кој ќе го забележат сите на свадбата
Многу елементи во врска со свадбената церемонија ни изгледаат бесмислено, а мажите секогаш превртуваат очи на делот–како треба да изгледа невестинскиот букет.
Што се однесува до нив, би можеле да носите и саксија во рацете или тегла со ајвар, нема да забележат, ниту пак ќе им биде гајле.
Но, букетот е детаљ кој го забележуваат сите останати, особено женскиот пол кој умее да цени естетика, грациозност и убав аранжман.
Воедно, моментот кога истиот се фрла е прилично значаен и интересен, па зошто не би одбрале раскошен каскаден букет кој ќе измами погледи и воздишки, а воедно ќе се фотографира одлично.
Погледнете ги идеите за гламурозни каскадни невестински букети:
(О)Милена | Црнобело