Зошто цел свет зборува за оваа венчаница? (фото)
Секоја невеста сака да изгледа најубаво што може, како и да биде во центарот на вниманието за својот голем ден. Меѓутоа, се чини дека оваа венчаница сепак ги премина границите. Па, дигна вистинска прашина на интернет во првите денови од 2018 година.
Годината само што започна, а веќе го имаме првиот голем хит на социјалните мрежи.
Станува збор за ексцентричната свадбена креација која не е за срамежливи, туку исклучиво за смели девојки.
Поточно, за оние кои не се плашат да бидат посебни, оставајќи малку на имагинацијата со изборот на венчаница.
Откако беше споделена на Фејсбук, таа веднаш го привлече вниманието на луѓето ширум светот.
За уникатната тоалета, многумина прокоментираа дека би требало да следи предупредување: „Не е за луѓе со слабо срце!“. Особено за свекрвата.
Во прашање е креација на познатата шпанска модна куќа за венчаници „Pronovias", од каде ја најавија како нов хит модел за 2018 година.
Венчаницата е изработена по принципот на „гол“ фустан, а скроена е во форма на комбинезон од чипка со тесни ногавици.
Украсена е со над 200 кристали, а потребни биле повеќе од 244 часа работа за целосно да се заврши.
Иако за вкусовите не се дискутира, венчаницата ги разгоре страстите и подели интернет корисниците. Предизвика лавина од коментари, но и прашања за свадбените трендови кои нè очекуваат наредните месеци.
Меѓу илјадниците коментари, доминира мислењето дека таа е непримерна за свадби.
„Да, ќе парадираме речиси голи пред семејството и пријателите!“, „Што се случи со светот?“ и „А, што ако невестата мора да оди во тоалет?“ се дел од нив.
Некои велат дека е грда, вулгарна и бизарна, а жените би изгледале евтино во неа. За другите, пак, таа е прекрасна, оригинална и фантастична.
На чија страна сте вие? Ви се допаѓа ли вам?
М. А. | Црнобело