За бохо невести: Бидермаери во форма на цветни венци
По цветните круни и раскошните бидермаери, се појави нов свадбен тренд наменет за невести кои сакаат да се одвојуваат од другите.
Станува збор за бидермаери во форма на цветни венци. Овие венци може да се изработат од секакви цвеќиња кои ги има во актуелната сезона.
Цвеќињата се комбинираат со зелени листови или гранчиња, како на пример бршлен, и се плетат на дрвен обрач.
Најпопуларни цветови се рози, божури и орхидеи, но изборот се разликува во зависност од желбите на невестата. Цветните венци најчесто се избор на невести кои бегаат од традиционалните свадбени правила.
Погледнете како изгледаат овие необични бохо бидермаери:
-->
-->
-->
Би можело да ве интересира:

Идеи за живописни бидермаери ако вашата свадба е во есен
Рози во комбинација со суви цветови, трева во повеќе нијанси, далии, хризантеми ...
-->