Бидермаер од жолто цвеќе - Да или не?

Бидермаерот е мошне важен додаток на венчаницата. Но, од особена важност е и неговата боја.

bidermaer-od-zholto-cvekje-da-ili-ne-001.jpg

За многу луѓе, жолтата боја е симбол за неверство, љубомора и разделба, па никогаш не би ја одбрале за денот кога ја крунисуваат љубовта со партнерот, иако оваа нијанса на бидермаер може да биде навистина светол детаљ и симбол на среќата на младенците.

Иако многумина ги асоцира на неверство, може да ја погледнете жолтата боја и од поинаква перспектива. На пример, во некои земји, таа претставува просперитет, изобилство, богатство и луксуз. Покрај тоа, оваа боја го симболизира сонцето, топлината, радоста и среќата - најпријатните емоции и најтоплите чувства.

bidermaer-od-zholto-cvekje-da-ili-ne-2.jpg

Доколку се одлучите за жолт букет цвеќе, постојат одредени правила кои би требало да ги следите:

1. Фустанот треба да биде чисто бела боја. Во овој случај, бојата на букетот ќе изгледа особено привлечно и светло. На беж позадина, букетот во жолта боја не изгледа баш импресивно.

2. Кожата на невестата не би требало да биде премногу светла, бидејќи светло жолтата боја ќе направи да делува уште побледо. Што се однесува до бојата на косата, жолтиот букет посебно убаво ќе изгледа во рацете на невеста која е русокоса или бринета.

3. Жолтиот букет ќе изгледа совршено доколку венчавката се одржува во лето или есен. Во зима, пак, ќе изгледа неприкладно.

4. Важен е стилот на свадбата. Жолтото цвеќе, на пример, идеално се вклопува на церемонии кои се во егзотичен или хипи стил, но не се исклучок и останатите.

5. Букетот може да биде надополнет и со други жолти елементи, како што се фустаните или деталите на деверушите, чаршафите или салфетките на масите, декорот, вратоврската на младоженецот, коланот, чевлите итн.

6. Букетот може да го направите од жолти рози, кои симболизираат нежност и романтика. Мимозите се симбол на пролетта и будењето на природата, жолтите орхидеи ќе изгледаат прекрасно и ќе го нагласат гламурот, а нарцисите – убавината. Имајте ги како опција и герберите, хризантемите, лалињата, или, можеби и сончогледите.

7. Бидермаерот не мора да биде во целост направен од жолто цвеќе. Можете да го искомбинирате со бели, црвени, портокалови или сини цветови, во зависност од изборот на венчаницата и останатите детали.

8. Жолтиот букет не би требало да биде преголем, инаку ќе го одвлече вниманието од фустанот.

9. Во текот на фотографирањето, обидете се да се наместите така што фустанот ќе биде „позадина“ на букетот.

10. Најдобро е да изберете цвеќе во чисти и светли нијанси на жолта. Притоа, обрнете внимание на свежината на цвеќето, бидејќи светло жолтото цвеќе многу брзо може да ја промени бојата.

bidermaer-od-zholto-cvekje-da-ili-ne-3.jpg

Да или не? Ние велиме дека жолтиот букет е совршен избор за венчавката.

Доколку се одлучивте да носите бидермаер од жолто цвеќе на најважниот ден во вашиот живот, имаме неколку преубави предлози за таа намена:

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Идеи за живописни бидермаери ако вашата свадба е во есен Рози во комбинација со суви цветови, трева во повеќе нијанси, далии, хризантеми ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg