Младоженци кажале „да“ во вода, среде Карипското Море (видео)
Планирањето на венчавка на далечна дестинација е доволно комплицирано само по себе, но што кога сакаш судбоносното „да“ да го кажеш во водите на Карипското Море, буквално?
Така изгледала церемонијата на Сузана Замос и нејзиниот сегашен сопруг Џовани.
„Имавме планер на венчавката кој ни рече: Нема шанса! Не можете да го направите тоа! Премногу е комплицирано,“ вели невестата во нејзиното свадбено видео.
Во моментот кога парот решил да се откаже од идејата, група свадбени фотографи ги охрабриле дека сепак нивните планови не се невозможни.
„Идејата да имаш свадбена церемонија во вода беше неверојатна. Веднаш можев да си замислам фантастични фотографии,“ вели Сол Тамарго, главниот фотограф.
„Кога ќе имате друга шанса да сликате фотографија во вода, со даска за сурфање како олтар?“
М. Д. | Црнобело