Пар доживеал сообраќајна незгода на свадбениот ден - непријатниот чин го претвориле во кул фотосесија
Кога работите не одат според планираното, но вие знаете како да се справите со насмевка. Инспиративен пар направи кул потег...
Мариса Мораис и Келмер Тешеира од Бразил на свадбениот ден доживеале сообраќајна незгода.
Откако потпишале во матично, тие се упатиле кон дестинацијата на која планирале да направат свадбена фотосесија, но, за жал, автомобилот во кој ги возеле се превртел во поле.
И додека на многумина оваа ситуација ќе им го расипе расположението, овој пар не го дозволил тоа, туку напротив, со смеа се справиле со ситуацијата и одлучиле да си направат фотосесија токму таму, со превртениот автомобил.
При незгодата никој не бил повреден.