8 места во Скопје каде можете да ги однесете децата кога врне
Со промената на годишните времиња и промената на временските услови се чини дека постојат многу помалку можности за места каде што би можеле да ги однесете најмалите, да им овозможите да се забавуваат или пак да се рекреираат.
Наместо целиот ден да го поминете дома можете да излезете на некои од понудените места што сигурно ќе им се допаднат на најмалите и ќе им приредите по едно ново незаборавно искуство.
Некогаш нештата што вам ви се веќе видени може повторно да ги доживеете како нешто ново, ако ги погледнете низ очите на најмалите.
Места во Скопје каде можете да ги однесете децата кога врне:
Театар за деца и младинци
Убаво е кога децата уште од најмлади години стекнуваат навика да одат во театар, а на репертоарот на Театарот за деца и младинци во моментов има голем број театарски претстави што може да ги погледнете.
Кино
Наместо да останете дома и да гледате телевизија, можете да одите на кино и да погледнете некој нов филм.
Планетариум
Овозможете му на вашето дете да научи нешто ново и однесете го на некое од предавањата наменети за деца.
Природонаучен музеј
Во деновите кога студи да одите во Зоолошката градина, можете повторно да му овозможите на детето да научи нешто ново за животните и да го однесете во Природонаучниот музеј во Скопје.