„Најчесто свекрвите се виновни за кавгите со снаите – како да не се претворите во Викторија Бекам и Никола Пелц?“
Во вашиот дом вие го имате главниот збор
Понекогаш родителите знаат да се мешаат и во воспитувањето на вашите деца, па потребно е веднаш да реагирате доколку забележите нешто што не ви се допаѓа во нивниот однос.
Според Мелиса, потребно е на родителите или на свекрвата и на свекорот да им препорачате да се опуштат и да уживаат во тоа што се баби и дедовци, а грижата за децата да ви ја препуштат вам.
„Пред вашето дете можете да ѝ речете: ’Во ред е бабо, ама ние дома нештата ги правиме вака‘ и на тој начин ќе му помогнете на детето да се чувствува безбедно, а на родителите ќе им ставите до знаење дека во вашата куќа важат вашите правила“ – вели Мелиса.
Нивна куќа, нивни правила
Од друга страна, пак, работите може да станат проблематични ако децата поминуваат премногу време кај баба и кај дедо.
„На пример, кај нас дома, јас му дозволувам на синот да стане и да си игра уште во 6 и 30 наутро, но баба му сака тој да остане во кревет до 7 часот и кога е кај нив, важат нивните правила“ – појаснува Мелиса.
Уште од самиот почеток научете ги дека треба да преговараат
Сосема е нормално родителите да сакаат да ви помогнат и финансиски во поглед на секојдневните обврски, но од самиот почеток мора да поставите граници.
„На пример ако тие ви понудат да ви ја платат свадбата – би можеле да прифатите доколку тие се сложат да ви дозволат вие да ја испланирате церемонијата.
Мора јасно да им ставите до знаење за кои работи сте подготвени да преговарате. На тој начин уште од самиот почеток ќе поставите граници и тие ќе знаат дека немаат право да ви се мешаат подоцна“ – вели Мелиса.
Почнете од малите проблеми
Не мора веднаш да се посветите на решавање на најголемиот проблем што најмногу ве нервира.
Обидете се прво да ги решите малите проблеми, за да стекнете поголема самодоверба во справувањето со оние работи што навистина ве вадат од кожа.
Изберете вистинско време
Обидете се проблемите да ги решите во вистинско време: пред да се породите со детеto, пред да дојдат ненајавени, пред да дојдат за празниците и пред воопшто да почнете да ги планирате собирите за идните празници.
Повторувањето е важно
Понекогаш еден разговор не е доволен за да поставите цврсто утврдени граници, па добро е да бидете подготвени да разговарате повеќепати и да повторите кои се вашите ставови за одредени проблеми.
Според Мелиса, треба да запомните дека станува збор за луѓе со цврсто изградени карактери и навики, на кои ќе им биде потребно подолго време да ги прифатат промените во животот што им ги наметнувате.
Игнорирајте ги нивните изливи на гнев
Дозволете им на родителите добро да размислат за сопствените постапки и останете цврсто на сопствените убедувања, но не им дозволувајте да ве уверат дека вие сте тие што го уништуваат расположението.
„Ако знаете како да побарате почит на јасен и љубезен начин, со цел да го подобрите односот со повозрасните, тогаш воопшто нема потреба да се грижите за нивните изливи на гнев и обвинувања“ – вели таа.
Б. С. Б. | Црнобело/ фото: freepik.com