Украински психолог со совети за среќна врска: „Парите се машка работа – жените треба да знаат како да побараат“
Мажот го носи лебот во домот – И тој треба да плати за сè. Ова не е казна, туку сосема нормална машка одговорност.
Некои жени даваат сè од себе да го надополнат семејниот буџет со идентичен износ и потоа се чудат зошто сопругот постојано лежи на каучот и не сака да излезе од дома. Затоа што знае дека жената е тука да ја закрпи секоја финансиска дупка.
Со текот на времето тој ќе ја провери и за нејзините други тајни моќи. Наеднаш, таа самата станува способна сама да поместува мебел во домот додека тој е по риба.
Научете да разменувате меѓусебно – Мажот не е должен да обезбеди сè, а жената да биде само потрошувач.
Таа треба да работи во иста мера, но во нејзиниот домен. Давањето нежност, љубов … Не се работи за тоа дека жената треба да праќа порака од СМС салонот со текст: ’Те сакам, купи ми нови чевли‘.
Мудрата жена знае колку е важно да се развива. Таа не е мрзелива личност што не знае како да си го организира денот.
Заборавете ја фразата „Можам сама“ – Не глумете војник што не плаче и што не сака ништо.
Мажите сакаат да ви бидат потребни, сакаат да даваат подароци, сакаат да обезбедат за семејството. За да се развие поенцијалот на мажот, жената има обврска сите финансиски прашања за семејството да ги префрли врз плеќите на мажот. Неговите желби се како гориво за неговиот мотор.
Мора да знаете како да барате – Мажот знае кога зад барањата на жените се кријат лаги и алчност.
Тоа што ќе го побарате треба да биде без ултиматуми, без груб тон. Почнувате од нешто мало и со текот на времето ги зголемувате вашите барања.
Не е важно што барате, букет цвеќе или дијамант, треба да кажете благодарам и да се радувате на ист начин.
Довербата е цврста основа за добриот однос – Довербата лежи во цврстото уверување дека некој ќе ве поддржи и дека нема да ве осуди.
Тогаш нема да има тајни – кој колку пари добива и под кој душек ги крие парите.
Жената не треба да му купува скапи подароци на мажот - Не трошете премногу пари за мажот за да му се докажете или да му покажете дека одговарате на неговиот статус.
Голем број жени се жалат: ’Сопругот ме финансира, лудо е да трошам пари за да му купам подарок‘. Не треба. Материјално скапите подароци се привилегија за мажите.
Лудо е да се фокусирате само на парите во врската. Среќата е внатре во вас.
Дури и да одите на Малдиви, нема да бидете среќни доколку сте празни од внатре. Треба да се чувствувате подеднакво добро со партнерот во која било ситуација. Тогаш финансиските воздигнувања и падови воопшто не се страшни.
Б. С. Б. | Црнобело/ фото: depositphotos.com/freepik.com