„Ме сакаш таков каков што сум“ - Аутистично момче ги расплакува сите на свадбата на брат му (видео)

Ова е најубавото нешто што ќе го видите денес и повеќе од сигурно е дека ќе ви измами солзи... Вака изгледа вистинската братска љубов!

autistichno-momche-e-kum-na-svadbata-na-brat-mu-i-gi-rasplakuva-site-so-govorot-video-01.jpg

Сем Валдрон (23) е аутистично момче кое ги расплака сите со својот говор на свадбата на неговиот 27-годишен брат Џона, каде ја имаше улогата на кум.

Тој ги расплака сите започнувајќи од неговиот брат и неговата избраничка до гостите.

autistichno-momche-e-kum-na-svadbata-na-brat-mu-i-gi-rasplakuva-site-so-govorot-video-02.jpg

Сем кажа дека постариот брат Џона бил негов херој целиот живот, дека секогаш го сакал таков каков што е и дека никогаш не го потценувал поради тоа што е аутистичен.

autistichno-momche-e-kum-na-svadbata-na-brat-mu-i-gi-rasplakuva-site-so-govorot-video-11.jpg

Сем му се заблагодарува што постојано го потсетувал дека тоа што е поинаков не е слабост, туку вистинска сила.

Тој потоа ѝ се обрати на невестата, ја нарече своја сестра и се пошегува со неа дека се мажи за вториот најубав во нивното семејство (после него).

Додаде дека иако знае да биде нервозен покрај некои луѓе, таа отсекогаш му ширела прекрасна енергија.

autistichno-momche-e-kum-na-svadbata-na-brat-mu-i-gi-rasplakuva-site-so-govorot-video-09.jpg

autistichno-momche-e-kum-na-svadbata-na-brat-mu-i-gi-rasplakuva-site-so-govorot-video-03.jpg

На Сем му бил дијагностициран аутизам на 7-годишна возраст. Браќата оделе во исто училиште и Џона секогаш се грижел за Сем, кој имал потешкотии со социјалните односи.

autistichno-momche-e-kum-na-svadbata-na-brat-mu-i-gi-rasplakuva-site-so-govorot-video-05.jpg

Погледнете го трогателното видео:

@scoutrueandfam

Part 2 ##bestman ##weddingtiktok ##wedding

♬ original sound - Waldron Fam

Повеќе видеа од свадбата:

@scoutrueandfam

Some of our favorite pictures with Sam ❤️ I’m so lucky to be a part of Jonah’s amazing family! ##wedding ##weddingtiktok ##bestman ##bestmanspeech

♬ Turning Page - Sydney Rose

@scoutrueandfam

It’s worth it to flip your phone for this sneak peek! Thanks @rosskykerphoto for capturing our day so perfectly! ##weddingtiktok ##wedding

♬ original sound - Waldron Fam

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кој може, а кој не може да биде кум и како се раскинува старо кумство? Кумот треба да биде верник и самиот да биде крстен, да ги почитува моралните вре...
Водич за родители: Кога, како и зошто е важно да зборувате за секс со вашите тинејџери? Зборувањето на тема секс со децата е од особена важност, а едукацијата треба да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg