„Вака изгледаат жените во реалноста“ – мајки споделуваат искрени фотографии од нивните тела по породувањето

Американската авторка Јануари Харш е креатор на Инстаграм профилот познат како Take Back Postpartum, којшто го направила со цел да им помогне на жените кои неодамна станале мајки, најмногу кога станува збор за несигурноста што ја чувствуваат поради промените на нивното тело.

vaka-izgledaat-zhenite-vo-realnosta-majki-spodeluvaat-iskreni-fotografii-od-nivnite-tela-po-poroduvanjeto-01.jpg

Сите сме свесни дека на социјалните мрежи мошне често се „продаваат“ лаги, вклучувајќи и за тоа како изгледаат жените откако ќе се породат.

На профилите на највлијателните инфлуенсерки кои станале мајки можете да забележите куп совршени фотки, на кои тие изгледаат како воопшто да не родиле.

Поради ова, самодовербата на многу мајки страда и тие почнуваат да мислат дека стриите, лузните од операцијата, вишокот килограми и сите промени кои доаѓаат со бременоста не се нормални.

Харш го направила профилот на Инстаграм со цел да им помогне на овие мајки да сфатат дека промените и бројните предизвици со коишто се соочуваат се норма за сите жени ширум светот.

https://www.instagram.com/p/B2NByjajhQn/

На профилот, покрај мотивационите пораки, Харш споделува и искрени, нефотошопирани фотки од мајки кои гордо ги покажуваат стриите, стомачето и сите „недостатоци“ кои се нормална последица од бременоста.

Досега профилот го следат речиси 150.000 корисници, а огромен број жени се воодушевени од искреноста на споделените фотки.

Во продолжение дел од најдобрите фотографии споделени на профилот, со дел од изјавите на мајките на нив:

„Во нашето општество, ние сме условени да ги криеме телата по бременоста, да се срамиме од опуштената кожа, стриите и опуштените гради и стомаче. Има толку голем притисок да се вратиме во форма, да го собереме стомакот, да го покриеме телото… Но најглупавото е тоа што скоро сите мајки ги имаме овие нешта! Па зошто тогаш сите се криеме – страв од осудење?“

https://www.instagram.com/p/BnexnPSHDuc/

„Како може ова да се смета за грдо? Ова е мајчинство. Мојата приказна, (буквално) обележана на мојот стомак. За мене вака изгледаат две здрави деца и два спонтани абортуси во период од 11 години“. 

https://www.instagram.com/p/BpuqQRwhLir/

„Наместо да споделам фотошопирана фотографија со која ќе ги покажам убавините на мајчинството, решив да ја споделам оваа… бидејќи ОВА е мајчинството. Фотографијата е направена неколку часа по породување и покажува колку се менуваат вашето тело и дух откако ќе донесете живот на овој свет“. 

https://www.instagram.com/p/Bi5gjJJl4DA/

„Се обидов да најдам фотографија на која позирам додека го дојам Чарли и на која сум средена, но сфатив дека таква не постои. Без шминка, без време за туширање, постојано потење и постојан глад. Тоа е мојата реалност“. 

https://www.instagram.com/p/BmCvVgsHVc2/

„На прв поглед, внатрешниот глас што ме критикува ми вели дека ова е можеби најлошата фотографија од мене. Тргнете ги настрана негативните мисли, и оваа фотографија направена од мојот сакан сопруг ме прави многу емотивна. Никогаш не сум се чувствувала како силна мајка воин како во првите часови по породувањето (да, дури и со џиновската пелена)“. 

https://www.instagram.com/p/BsN9W7Mn-5a/

„Бањата е хаос, гардероберот е расфрлан, но ова е реалноста. Реалниот живот е неуреден, а не совршен како на социјалните мрежи и ТОА Е ВО РЕД“. 

https://www.instagram.com/p/BkWlOGBFQDk/

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Низ илустрации: Како се менува животот на жените откако ќе станат мајки? Наместо фотки од миленикот, пријателите и патувањата, во галеријата на телефонот...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
„Мајка ми не трчаше на лекар за секоја ситница, не ѝ паѓаше на памет да ме штити од наставниците“: Р... „Нашите мајки не се плашеа толку за нас. Денес - дои го детето до трето одделени...
Момче од Кореја (4) го расплака целиот свет, откако кажа зошто мисли дека родителите го мразат „Мајка ми ме мрази, не сака да си игра со мене“ – дете од Јужна Кореа ги освои с...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Не сакав да имам дете во 20-тите години и да си го сменам животот од корен, станав родител подоцна“ „Луѓето претпоставуваат дека се каам што станав родител на подоцнежни години, но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg