Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Вака изгледаат жените во реалноста“ – мајки споделуваат искрени фотографии од нивните тела по породувањето

„Секоја бременост ме носи поблиску до моето тело. Можете да водите здрав живот и да го прифатите новото тело, наместо да се грижите за тоа како изгледало во минатото. Кога станува збор за мене, ние стануваме поубави откако сме донеле живот на овој свет. Зошто да се обидуваме да се вратиме назад, кога сега сме подобри?“ 

„Ова е телото по породување. Отечени гради, отечен и празен стомак, крвава долна облека. Изморена сум, телото ме боли, но срцето ми е полно љубов“. 

„Го дојам син ми на мојата венчавка. Оваа фотографија ми е многу важна бидејќи на 22-годишна возраст сите се сомневаа во мене и велеа дека ќе се откажам од доењето. Еве ме, 4 месеци подоцна и уште дојам“. 

„Благодарна сум на моето тело што ми помага да се грижам за моите малечки. Градите постојано ми се со различна големина, но барем почна да ми се враќа енергијата“.

„Вака изгледа телото по породување и за мене е сосема во ред. Мислам дека најдоброто што можеме да го направиме едни за други како мајки е искрено и со љубов да ги споделуваме нашите приказни“. 

„По пет недели, уште изгледам како да сум бремена и уште чувствувам болка од царскиот рез. Јадам добро и ќе почнам да вежбам веднаш штом добијам дозвола од лекарот. Жените се неверојатни и сите закрепнуваат различно од нивното уникатно породување“. 

„Потсетник за новите мајки – можеби нема да го препознаете вашето тело, но дајте си време“.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Низ илустрации: Како се менува животот на жените откако ќе станат мајки? Наместо фотки од миленикот, пријателите и патувањата, во галеријата на телефонот...
„Одлучив да немам деца – како ми изгледа животот и (дали зажалив)?“ „Мислам дека само трошам време. Животот без деца сега ми е некако здодевен и без...
„Не сакав да имам дете во 20-тите години и да си го сменам животот од корен, станав родител подоцна“ „Луѓето претпоставуваат дека се каам што станав родител на подоцнежни години, но...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
13 совети од родителите што ги разбираме дури откако ќе пораснеме, низ илустрации Во тинејџерските години секој совет од родителите низ звучи како непријателски н...
Првите 3 години од родителството се најтешки - после станува полесно Моето родителство се промени кога дознав дека критичните години се само првите т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg