Татко ги фотошопира децата во опасни ситуации кога партнерката ќе праша дали внимава на нив
„Кога жена ми ме прашува дали децата се добро и одговарам со вакви фотографии...“ Шеговит татко од Белгија со Фотошоп креира хит ситуации со неговите деца, каде опасноста е на највисоко можно ниво.
Замислете сопругот е задолжен за чување на детето и ви испраќа фотки како тоа пие алкохол, се вози на багер, качено е на оградата од терасата... Токму вака еден татко се шегува со својата сопруга.
Кени Доус од Белгија е татко на две деца кој обожава на овој начин да ја задева својата партнерка кога таа му поставува прашања дали внимава на децата и дали тие се добро.
Овие наводни авантури Кени ги споделува на својот Инстаграм профил „On Adventure With Dad“ каде има 157.000 следбеници.
Делата на хумористичниот Кени: