Авантурите на Даника: Мајка прави Инстаграм ѕвезда од својата ќерка
Во Инстаграм светот преплавен со мода, убавина, храна и патувања, вистинска реткост е да се најде интересен профил посветен на семејството и малите животни радости.
Ени Чанг е мајка на малата Даника и сопруга на Дејвид и го има најслаткиот Инстаграм профил. Но, таа не е ѕвездата на фотките, туку нејзината ќерка Даника и нивното кученце Бела.
Без разлика дали уживаат на плажа или се во нивниот дом, семејството Чанг ги доловува најслатките моменти од секојдневниот живот преку фотки.
Покрај прекрасните фотографии од бајковити места, мама Ени не бега од реалноста. Мајката на Даника е моментално бремена со своето второ дете, а до 20-тата недела имала многу тешки моменти кои ги споделила со своите следбеници. Благодарение на нејзиното семејство и медицинска помош, Ени сега се чувствува одлично.
Во продолжение погледнете дел од фотките на малата Инстаграм ѕвезда Даника кои со сигурност ќе ве наполнат со позитивна енергија:
М. В. | Црнобело