10-те најголеми грешки на мајките (со кои ги разгалуваат своите деца и им штетат)
Мајка која премногу го фали детето
Постои разлика помеѓу поддршка и претерано фалење.
Ако му кажувате дека е најдобро во сѐ, без оглед на реалноста, тоа може да доведе да има погрешна слика за себе.
Мајка која „залудно“ се заканува
Ако постојано велите дека ќе ги фрлите играчките ако не ги среди, а никогаш не го правите тоа, детето ќе престане да ве сфаќа сериозно.
Мајка која „подмитува“
Подмитувањето функционира, но само краткорочно. На долг рок, детето ќе очекува сѐ поголеми награди за основни задачи.
Мајка која одлучува за иднината на детето
Прекрасно е да се биде поддршка, но ако правите избори наместо детето, тоа нема простор за независност и нема да се изгради како самостојна личност.
Мајка која премногу се води од мислењето на детето
Детето има право на глас, но не треба да диктира што ќе јаде семејството за вечера, каде ќе оди на излет или кои серии ќе се гледаат.
Родителите треба да понудат здрави, однапред одобрени избори.
С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com
Би можело да ве интересира:





