Прошетка низ Мавровско - дебарската околина

Со почетокот на пролетта и убавите сончеви денови, започнуваат и нашите предлози за викенд прошетки низ Македонија. За овој викенд, ви го предложуваме Мавровско – дебарскиот регион.

vikend-predlog-prosetka-niz-mavrovsko-debarskata-okolina-01

Мавровско дебарскиот регион, со изобилството од природни и антропогени објекти е неисцрпно доживување за посетителите. Но, сепак посетителот кој е во близина или стигнал на овој простор, неизоставно треба да се задржи и прошета во Маврово и околу Мавровското Езеро.

vikend-predlog-prosetka-niz-mavrovsko-debarskata-okolina-1Пролетен пејзаж од Маврови Анови кон Мавровското Езеро и
Бистра Планина, вода, шума, воздух, слобода на душата

Еден ден би бил вистинско уживање да се посети платото на планината Бистра со нејзините пространи пасишта, понорот Тони Вода, селото Галичник, традиционалните бачила. Овде пробајте го најквалитетното сирење и кашкавал и напијте се ладна планинска вода.

Ако го напуштате Маврово продолжете по кањонот на Радика, посетете го монументалниот манастир Св. Јован Бигорски, населбите по долината на Радика за да ги запознаете културата и традицијата на луѓето. За похрабрите овде е врвот Кораб 2.764 m, највисок во Република Македонија.

vikend-predlog-prosetka-niz-mavrovsko-debarskata-okolina-2Манастирот Св. Јован Бигорски

vikend-predlog-prosetka-niz-mavrovsko-debarskata-okolina-3Поглед кон Корабскиот Масив и врвот Кораб

vikend-predlog-prosetka-niz-mavrovsko-debarskata-okolina-4Дел од текот на реката Радика, бисерот на Македонските реки

vikend-predlog-prosetka-niz-mavrovsko-debarskata-okolina-5Манастирот Св. Ѓорѓи – Рајчица, во близина на Дебар

На пат ќе ве сретне Бањата Косоврасти, манастирот Рајчица, градот Дебар и бањата Бањиште. Понатака следи посебен ден за да се види и доживее заезерената клисура на Црн Дрим со езерата Шпиље и Глобочица, и така полека ќе стигнете кон Охридскиот регион.

vikend-predlog-prosetka-niz-mavrovsko-debarskata-okolina-6Дебарската Акумулација на двете бисерни реки Радика и Црн Дрим

Автор: проф. д-р Благоја Маркоски
Извор: http://www.igeografija.mk

Вие во секое време можете да ни праќате ваши статии со предлози за места кои вредат да се посетат во Македонија како и фотографии од истите на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Повеќе викенд предлози може да погледнете овде.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg