Детален водич како за еден ден во Истанбул да видите што повеќе работи (+ упатство како да стигнете)

Со толку многу што да се види и направи, еден ден во Истанбул можеби не е доволен, но со овој водич ќе искусите еден дел од она што градот може да го понуди.

Vodich-za-eden-den-vo-istanbul-shto-mozhete-da-vidite-za-eden-den-i-kako-da-stignete-od-edno-mesto-do-drugo-01.jpg

Истанбул е град со живи бои, раздвижени улици и шармантни кафулиња кои ќе ве пренесат во друг свет. Ако имате еден ден за истражување на најшарените улици и кафулиња во Истанбул, овој краток водич ќе ви помогне да го искористите максимумот од вашиот ден.

Ако решите да ја вклучите и Капали чаршија во планот, ве советуваме да го започнете денот многу порано за да стигнете секаде или едноставно одвојте само еден цел ден за прошетка и добар шопинг низ еден од најубавите пазари.

Овој водич можете да го додадете во планот на вашето патување од неколку денови.

Започнете го денот во Балат

Балат е една од најживописните населби во Истанбул. Започнете го денот овде и прошетајте по стрмните улици, обложени со шарени куќи, продавници и кафулиња. Задолжително посетете ја Грчката православна патријаршија, прекрасна зграда која датира од 17 век.

Можете да седнете во слаткото кафуле Cafe Naftalin K. каде што ќе ве пречекаат многу мачиња кои ќе ви прават друштво додека појадувате.

View this post on Instagram

A post shared by Naftalin K. (@cafenaftalink)

View this post on Instagram

A post shared by Naftalin K. (@cafenaftalink)

Кога ќе ја завршите вашата прошетка низ Балат, следно на листата е Каракој. За да стигнете од Балат до Каракој, можете да го направите со автобус број 399C од станица Fener до Eminönü Kantarcılar. Симнете си Гугл мапа за да можете да ги најдете станиците и без Интернет.

Од таму можете пеш да го поминете мостот Галата, да си направите убави фотки и ќе стигнете до Каракој.

Каракој

Каракој се наоѓа на европската страна на Босфорот и е можеби историски најзначајната област на градот, во моментов е и еден од најпосетуваните делови на градот од локалното население. Овде можете да најдете многу улични продавачи и рибни ресторани или да уживате во прошетка со одличен поглед.

Каракој е исто така и главниот центар за локалниот и меѓународниот воден сообраќај.

Од овде можете да отидете на вашата следна дестинација: Кадиќој. Можете да стигнете со ферибот кој поаѓа на секои 30 минути, а патувањето трае околу 30 минути.

Истражете ги шарените улици на Кадиќој

Кадиќој е живописен квартал на азиската страна на Истанбул, познат по шарените улици и раздвижените пазари. Прошетајте по улицата Bahriye, која е полна со шарени кафулиња и продавници.

Можете да пробате одлични баклави или други десерти во некои од овие кафулиња или да застанете за одлично кафе.

https://www.instagram.com/p/CMt5Svih4a5/?hl=en

https://www.instagram.com/p/CIxShW3hxd4/?hl=en

Враќањето од Кадиќој до Каракој е на истиот начин - со ферибот. Кога ќе се вратите во Каракој упатете се кон улицата Boğazkesen за да стигнете до кварталот Бејолу.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
Предлог за кратко викенд патување: 5 преубави македонски села Овие пет села се само мал дел од богатата ризница на Македонија. Ги има уште мно...
5 плажи во Албанија со кристално чисто море (од кои 4 се изолирани) До една од овие плажи се стигнува само со брод, а до другите две мора да пешачит...
Каде за Први мај - 13 места за излет во природа низ Македонија Со семејството или со друштво, добра музика, вкусна храна, студени пијалаци и се...
Скриени места во Европа што вреди да се посетат (пред сите да дознаат за нив) Ако сте од оние луѓе на кои им пречи метежот на познатите дестинации, тогаш овие...
„Песок мек како брашно, тиркизна вода“ – Најубавата плажа во Анталија, според српска патувачка блоге... „За да стигнете до плажата, морате да се спуштите по 200 скали, но вреди“ – вели...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg