Пејзажот е формиран пред милиони години - 10 факти за волшебната Кападокија

Кападокија се наоѓа на надморска височина од над 1.000 метри, а нејзиниот пејзаж бил формиран од ерозија по вулканска ерупција – неколку забавни факти за можеби најпопуларната туристичка атракција во Турција кои веројатно не сте ги знаеле.

Svetsko-nasledstvo-na-Unesko-od-1985-godina-raspolaga-so-povekje-od-600-crkvi-fakti-za-volshebnata-Kapadokija 01 630x330.jpg

Во срцето на Анадолија, Турција, лежи историски предел кој со години непрекинато ги воодушевува посетителите ширум целиот свет. Станува збор за Кападокија, една од најпознатите туристички дестинации во Турција, површина полна со необични карпести формации, кули и врвови кои се издигнуваат кон небото, а подолу, полна со прекрасни и мистериозни подземни градови.

Не е ни малку чудно што оваа област ја посетуваат околу два и пол милиони туристи од целиот свет на годишно ниво. Патници кои некогаш патувале низ овој регион, ја опишале Кападокија како „Прекрасната земја со разнобојни карпи“ и како „Земјата од 20.000 пирамиди“.

Кападокија е именувана по иранскиот народ на Кападокијците. За првпат се споменува во 6 век п.н.е., во големи тријазични натписи од двајца персиски владетели, Дариј Велики и Ксеркс I. Пред да стане персиска провинција, Кападокија речиси и да не постоела на Земјата.

За неа не постојат записи, цртежи, па дури ни легенди, единствено современи научни истражувања кои откриле кога и како се формирале овие мистериозни пејзажи.

Во продолжение ви наведуваме 10 факти за оваа волшебна област кои со сигурност ќе ве изненадат:

Пред околу 60 милиони години, серија вулкански ерупции ја потресле анадолската област, формирајќи ја прекрасната Кападокија.

View this post on Instagram

A post shared by #travel #photobyiphone14pro (@benim_kameramdan31)

Пејзажот на Кападокија бил формиран од ерозија на лавата и пепелот од ерупцијата. 

Густиот пепел и лавата се зацврстиле во меки карпи. Во период од милиони години, карпите еродирале од ветер и дожд, создавајќи ги „самовилските оџаци“ кои ги гледаме денеска.

View this post on Instagram

A post shared by PromoTrend Travel (@promotrendtravel)

Кападокија се наоѓа на надморска височина од над 1.000 метри, пресекувајќи низ три анадолски провинции - Невшехир, Кајсери и Нигде.

Името Кападокија потекнува од персискиот збор „катпатука“, што на персиски значи „земја на убави коњи“.

Во античко време, овој регион особено бил познат токму поради нив. Коњите се сè уште важни за локалното население на Кападокија и тие исто така нудат алтернативен начин на транспорт за посетителите.

Постојат голем број подземни градови во Кападокија, а некои од нив се поврзани со мрежа на тунели.

Овие подземни населби биле овозможени благодарение на одржливоста на меките карпи. Повеќето од нив се отворени за посетителите, а пак голем дел од земјиштето во Кападокија е под приватна сопственост.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Предлог за кратко викенд патување: 5 преубави македонски села Овие пет села се само мал дел од богатата ризница на Македонија. Ги има уште мно...
5 плажи во Албанија со кристално чисто море (од кои 4 се изолирани) До една од овие плажи се стигнува само со брод, а до другите две мора да пешачит...
Каде за Први мај - 13 места за излет во природа низ Македонија Со семејството или со друштво, добра музика, вкусна храна, студени пијалаци и се...
„Живеев во Дубаи и го мразам – сите, освен богатите мажи, се третирани како предмети“ „Гледав мажи кои шетаат со три по сопруги кои изгледаа мизерно. Ме бомбардираа с...
10 места низ Македонија каде може да се разладите покрај река на горештините Македонија изобилува со природни убавини, а реките и водопадите се идеално место...
Скриени места во Европа што вреди да се посетат (пред сите да дознаат за нив) Ако сте од оние луѓе на кои им пречи метежот на познатите дестинации, тогаш овие...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg