„Бев во Лазарополе, чичко Димко ми раскажа за црквата, а селото навистина е едно од најубавите во Македонија“

По патот си беревме дренки и се наситувавме од неверојатната природа.

bev-vo-lazaropole-chichko-dimko-mi-raskazha-za-crkvata-a-seloto-navistina-e-edno-od-najubavite-vo-makedonija-03.jpg

Попатно сретнавме едно црквиче и пристигнавме до карпите, кои ни понудија нереален поглед кон мијачкиот крај.

bev-vo-lazaropole-chichko-dimko-mi-raskazha-za-crkvata-a-seloto-navistina-e-edno-od-najubavite-vo-makedonija-11.jpg

bev-vo-lazaropole-chichko-dimko-mi-raskazha-za-crkvata-a-seloto-navistina-e-edno-od-najubavite-vo-makedonija-003.jpg

Села во далечина среде планините, пат извиен како змија и многу, многу шума. Поглед кој не се заборава и совршено место за медитација и храна за душата и умот.

bev-vo-lazaropole-chichko-dimko-mi-raskazha-za-crkvata-a-seloto-navistina-e-edno-od-najubavite-vo-makedonija-17.jpg

Потоа, следуваше и прошетка низ селото, а таму куќите гордо стојат. Одлично сочувани, некои и реновирани, но во истиот рурален шмек, со прекрасни дворчињa, клупички и што уште не.

bev-vo-lazaropole-chichko-dimko-mi-raskazha-za-crkvata-a-seloto-navistina-e-edno-od-najubavite-vo-makedonija-32.jpg

А среде селото? Големата црква „Св. Ѓорѓи“, главната црква и гордоста на ова село, кое е сместено во општина Маврово и Ростуше.

bev-vo-lazaropole-chichko-dimko-mi-raskazha-za-crkvata-a-seloto-navistina-e-edno-od-najubavite-vo-makedonija-02_1.jpg

bev-vo-lazaropole-chichko-dimko-mi-raskazha-za-crkvata-a-seloto-navistina-e-edno-od-najubavite-vo-makedonija-03_1.jpg

Таму нè пречекаа насмеаните чичковци од црковниот одбор. Повеќето од нив пензионери, родени во Лазарополе, кои живееле и работеле во Скопје, а сега повторно се вратиле во својот роден крај за да уживаат во неговите убавини.

Сите полни со приказни за нивниот роден крај.

bev-vo-lazaropole-chichko-dimko-mi-raskazha-za-crkvata-a-seloto-navistina-e-edno-od-najubavite-vo-makedonija-44.jpg

Сите љубезни, сите со восхит за своето Лазарополе.

Прв ни пријде чичко Димко, кој ми раскажа како се верува дека црквата е направена на темели од стара црква, како си ја чуваат како очите во главата, но и како, за жал, арамии ограбиле дел од највредните работи во оваа црква во 2013, од икони до дрворези.

bev-vo-lazaropole-chichko-dimko-mi-raskazha-za-crkvata-a-seloto-navistina-e-edno-od-najubavite-vo-makedonija-42.jpg

Продолжува на следната страна...


Би можело да ве интересира:

„Бев во два живописни града во Романија, патував 8 часа со автобус од Скопје – цените беа исти како ... „Прошетките по живописните улички на Темишвар и Сибиу, скромната невеста што поз...
Места во Македонија кои ми недостигаат: Селото во кое израснав, манастирот кој ми носи мир Кога подолго време не живееш во родната земја често ќе се најдеш во ситуацијата ...
Предлог за кратко викенд патување: 5 преубави македонски села Овие пет села се само мал дел од богатата ризница на Македонија. Ги има уште мно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg