„Бев на одмор во Тунис, од Скопје летот е 2.5 часа – зошто оваа дестинација топло ја препорачувам?“

Но, турата која не се заборава до крајот на животот е онаа во пустината Сахара. И тука мора да го споменам нашиот љубезен водич од Србија Срѓан кој на вистински начин ни го долови животот во пустината и ни ги претстави специјалитетите во берберските села, но и секојдневните грижи и радости на берберите.

bev-na-odmor-vo-tunis-od-skopje-letot-e-2-5-chasa-zoshto-ovaa-destinacija-toplo-ja-preporachuvam-20.jpg

Многу подобро ќе ја доживеете Сахара, отколку во Египет, затоа што в склоп на Тунис е многу поголем дел, па се навлегува многу длабоко во пустината.

bev-na-odmor-vo-tunis-od-skopje-letot-e-2-5-chasa-zoshto-ovaa-destinacija-toplo-ja-preporachuvam-23.jpg

Одблиску ги видов берберските села, голем дел и напуштени, и во мене се разбуди двоумење како живеат во такви сурови услови. Па, тука беа насмеаните бедуини, јавањето камили цел час на зајдисонце, возењето квад, па адреналинското возење со џипови по дините, придружено со туниски хитови.

bev-na-odmor-vo-tunis-od-skopje-letot-e-2-5-chasa-zoshto-ovaa-destinacija-toplo-ja-preporachuvam-24.jpg

Сите зборуваат одлично француски, затоа што Тунис била некогашна француска колонија, но и со англиски јазик ќе можете да се разберете.

bev-na-odmor-vo-tunis-od-skopje-letot-e-2-5-chasa-zoshto-ovaa-destinacija-toplo-ja-preporachuvam-21.jpg

Една ноќ спиевме и во хотел среде Сахара, каде ноќното капење под ѕвезденото сахарско небо беше токму тоа што ни беше потребно, пред вториот пустински ден каде посетивме и вистинска оаза среде пустина со извор на слатка вода, но и местата каде се снимале сцени од филмовите „Star Wars“ и „The English Patient“.

bev-na-odmor-vo-tunis-od-skopje-letot-e-2-5-chasa-zoshto-ovaa-destinacija-toplo-ja-preporachuvam-27.jpg

bev-na-odmor-vo-tunis-od-skopje-letot-e-2-5-chasa-zoshto-ovaa-destinacija-toplo-ja-preporachuvam-28.jpg

bev-na-odmor-vo-tunis-od-skopje-letot-e-2-5-chasa-zoshto-ovaa-destinacija-toplo-ja-preporachuvam-29.jpg

Ќе го видите и огромното солено езеро Чот ел Џерид, а за помалку од едно евро ќе имате можност да храните со млеко бебе камила или да ја држите во рака уникатната и преслатка пустинска лисица, која расте само до околу 40 сантиметри.

bev-na-odmor-vo-tunis-od-skopje-letot-e-2-5-chasa-zoshto-ovaa-destinacija-toplo-ja-preporachuvam-25.jpg

bev-na-odmor-vo-tunis-od-skopje-letot-e-2-5-chasa-zoshto-ovaa-destinacija-toplo-ja-preporachuvam-26.jpg

На плажите во Тунис има низа водени спортови, а секаде ја имате и опцијата за парасејлинг за околу 30 евра од човек.

bev-na-odmor-vo-tunis-od-skopje-letot-e-2-5-chasa-zoshto-ovaa-destinacija-toplo-ja-preporachuvam-11.jpg

Негативна страна е што на страна од ресортите, особено на патиштата кои поврзуваат гратчиња и села има многу отпад од страна, а ретко се случувало на некои од плажите во поголемите места морето само да исфрли некое пластично шише од несовесни граѓани. За среќа, кај нас немаше ништо такво и морето беше совршено за капење.

При изборот на ресорт детално читајте коментари како на booking, така и на српските форуми за патувања, каде српските туристи до детали ги доловуваат своите искуства од патувањата.

bev-na-odmor-vo-tunis-od-skopje-letot-e-2-5-chasa-zoshto-ovaa-destinacija-toplo-ja-preporachuvam-06.jpg

Тунис е едно уникатно доживување со експлозија од бои, од историја, од позитивна енергија и од пространи плажи и претопло море. Дефинитивно одлична дестинација за летен одмор!

Повеќе фотографии од Тунис:

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
9 европски дестинации каде и во рана есен е уште топло Од Кипар до Анталија, постојат повеќе места каде може да отидете на есенско пату...
„Бев во два живописни града во Романија, патував 8 часа со автобус од Скопје – цените беа исти како ... „Прошетките по живописните улички на Темишвар и Сибиу, скромната невеста што поз...
Плажата која ги победи Малдиви за „најсино море“ се наоѓа во Албанија - на 270km од Скопје Чиста тиркизна вода, волшебен поглед, светол песок... Плажата на огледалата (Pas...
5 најубави кампови на Халкидики, идеални за семеен одмор или летување со друштво Ако досега никогаш не сте летувале во камп, ви препорачуваме 5 кампа кои се наоѓ...
Котор, Скопје: Градови кои имаат стари делови што зрачат со магија (и се совршени за есенска дестина... Старата скопска чаршија е како спој на разни култури и националности и до денес ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg