Топ 10 плажи во Албанија за 2022, според TripAdvisor (фото)
Borsh Beach, село Борш (Саранда-Химара)
Најголемата плажа на југот на Албанија, долга 7km и широка 30 метри, па не треба да се грижите дали ќе има доволно место, а може да одберете дали ќе легнете на лежалки од бич бар или сами ќе си постелете пешкир.
Jale Beach, Валона-Химара
Плажата е позната по интензивната тиркизна морска вода, која е кристално чиста и идеална за пливање и нуркање. Сместена е помеѓу планини од двете страни, има мали, скриени карпи, а се до неа стига по копнен пат.
https://www.instagram.com/p/CdpHY_bOtXr/
Monastery Beach, Саранда
Прекрасна плажа со бели камчиња и бесконечно синило, кое многумина го споредуваат со Кариби. Има ресторан и бар со храна и пијалаци, но може да настане голема гужва во текот на сезоната.
Palasa Beach, Дерми
Се наоѓа на 8km од Дерми, а се стига со автомобил. Таму ќе ве дочека широка плажа со сино море, опкружено со планини и многу градби во позадината заради голем инвестициски проект за развој на местото.
https://www.instagram.com/p/CHFPEn5Aw-_/
Neasden Lane Beach, Валона
Популарна, но не преполна со луѓе, оваа плажа во Ксамил е идеална за оние кои сакаат да се релаксираат, но и да нурнат во кристалните води. Има лежалки и чадори за изнајмување, како и ресторани.
https://www.instagram.com/p/CSMeli3tY4F/
М. М. | Црнобело