Топ 10 плажи во Албанија за 2022, според TripAdvisor (фото)
Мали парчиња рај скриени помеѓу карпи и планини со бесконечен поглед кон тиркизното, кристално чисто море, или километарски, долги плажи и широки за никогаш да не ја почувствувате гужвата - кои се 10-те најдобри плажи во Албанија за ова лето?
Албанија е избор за одмор на многу Македонци, заради убавините со кои изобилува, како и пристапните цени за она што се добива.
Доколку досега уште не сте ја посетиле оваа земја во лето, ќе ви биде од корист листа со плажи кои важат за едни од најдобрите на албанската ривиера.
Најубавите плажи во Албанија се наоѓаат на неколку километри од најпопуларните туристички места, а ние одбравме 10, за кои гласале патувачите од цел свет на TripAdvisor:
Gjipe Beach, во близина на Дерми, Химара и Саранда
Мало парче рај кое вреди да се посети, но за да стигнете дотаму, треба да сте авантуристи и да сакате да ја истражувате природата, затоа што потребно е да се спуштате пешки по кањон, или пак да дојдете со брод. Се смета за најубава плажа во Албанија.
Dhermi Beach, Дерми
Оваа плажа е долга околу 1km и исполнета е со мали камчиња кои водат до синото, кристално чисто море. Се наоѓа на 2km од Дерми, се стига со автомобил, а таму ќе најдете барови, лежалки и опции за забавни спортови на вода.
Mirror (Pasqyra) Beach, помеѓу Ксамил и Саранда
Малиот песочен рај скриен помеѓу карпи, со бесконечен поглед кон кристално чистото азурно море, се наоѓа помеѓу Ксамил и Саранда, а се нарекува „плажа од огледало“, затоа што сонцето создава магична рефлексија.
Livadhi Beach, Химара
Плажата се наоѓа под ридот на стариот град Химара, а е популарна кај локалците и туристите, заради природниот песок и прекрасната околна која нуди поглед кон зелениот ридест предел и тиркизното море.
https://www.instagram.com/p/CZHyLmqt8Jg/
Pulebardha Beach, Саранда
Тивка и мирна, а сепак поседува сѐ што ви треба. Сместена помеѓу карпест и зелен предел, опколена со тиркизна и чиста вода – идеално место за бегство од градот.