На кои плажи и места во Грција морето е најтопло?
Грчки острови со најтопло море:
Амулијани
Ова е единствениот населен остров на Халкидики каде што можете да уживате во неколку рајски плажи. За некои туристи, температурата на морето е и премногу висока на овој остров.
Родос
Родос е една од најгламурозните дестинации во Грција која покрај плажите, нуди и можност да ја искусите богата историја на Грција.
Скопелос
Познат како островот на кој е снимен популарниот филм Mamma Mia!, Скопелос има многу плажи каде што морето е навистина топло.
Закинтос
На повеќето плажи на Закинтос не треба да очекувате топла вода. Но, морето е претопло во гратчето Лаганас.
Саронски Острови
Ова не е многу популарна туристичка дестинација, а покрај топлата вода, ова може да биде уште една причина зошто да ја посетите ако не сакате турканици.
Спирова С. | Црнобело