Природни атракции во Грција кои вреди да се видат, покрај плажите

Пештерата Melidoni

Уште една атракција на островот Крит.

Пештерата Melidoni наликува на подземна катедрала. Внатре можете да се симнете и до 24 метри под земја по 70 скалила.

Ако ја посетувате, осигурајте се дека ќе облечете удобни чевли бидејќи подот е лизгав и пештерата е темна. Исто така, температурата во внатрешноста никогаш не се искачува над 18 степени, па понесете и блуза на долги ракави.

prirodni-atrakcii-vo-grcija-koi-vredi-da-se-vidat-pokraj-plazhite-06.jpg

Островот Skopelos

Ова островче се наоѓа во близина на Скијатос и токму овде се снимени некои сцени од популарниот филм „Mamma Mia!“ со Мерил Стрип.

И покрај тоа што е локација на снимање на популарен филм, на островот нема многу гужва како на Скијатос.

prirodni-atrakcii-vo-grcija-koi-vredi-da-se-vidat-pokraj-plazhite-07.jpg

Метеора

Метеора е област во централна Грција. Овде можете да ги видите седумте манастири кои се сместени на карпа на 400 метри надморска височина.

prirodni-atrakcii-vo-grcija-koi-vredi-da-se-vidat-pokraj-plazhite-08.jpg

Пештерата Melissani

Лоцирана на Кефалонија, пештерата Melissani е една од најволшебните во Грција.

Во пештерата, околу 20 метри под површината, има езеро, а на едниот дел од таванот има огромен отвор.

prirodni-atrakcii-vo-grcija-koi-vredi-da-se-vidat-pokraj-plazhite-09.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
„Песок мек како брашно, тиркизна вода“ – Најубавата плажа во Анталија, според српска патувачка блоге... „За да стигнете до плажата, морате да се спуштите по 200 скали, но вреди“ – вели...
Бев на градска плажа во Дојран – Како си поминав и како се движат цените годинава? Температурата на водата е исклучително топла, но пак успеавме да се разладиме. Ц...
6 блиски бич барови во Грција за еден ден или викенд на море Најубавиот бич бар е во околината на Неа Ираклиа, пракрасен бич бар со палми и б...
Плажата која ги победи Малдиви за „најсино море“ се наоѓа во Албанија - на 270km од Скопје Чиста тиркизна вода, волшебен поглед, светол песок... Плажата на огледалата (Pas...
14 најубави плажи во Европа за 2024 – пет се во Грција, една во Албанија Златни, песочни плажи на Канарските острови, диви плажи во Грција, широки плажи ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg