Природни атракции во Грција кои вреди да се видат, покрај плажите
Пештери со езера, карпи и национални паркови – Грција може да понуди многу покрај песочните плажи и морето.
Нашиот јужен сосед е најпознат по плажите, но Грција нуди и други природни атракции кои вреди да ги видите штом ќе ви се укаже можност.
Природни атракции во Грција што треба да ги посетите:
Планината Олимп
Ако го сакате планинарењето, вреди да се искачите на највисоката планина во Грција – Олимп. Овде виреат над 1.700 видови растенија, од кои голем дел се ретки или ендемични, а живеат и стотици видови животни.
На делови од планината има густи шуми, а нејзиниот врв речиси секогаш е обвиен во магла.
Реката покрај плажата Preveli
Плажата Preveli на островот Крит се смета за една од најубавите во Грција. Покрај плажата има река со слатка вода чиј брег го красат многу палми.
Тиркизната вода, пак, е совршена за пливање.
Пештерата Kastria
Пештерата Kastria се наоѓа во близина на градот Калаврита.
Во пештерата има патека за пешачење долга 500 метри, а она што ја прави уникатна се 13-те езера со кристална вода.
Националниот парк Samaria Gorge
Овој национален парк е една од најголемите атракции на островот Крит, а главната патека за пешачење е долга околу 15 километри. Што значи, овде слободно можете да поминете цел ден и да се восхитувате на природата.