Никој нема време за релаксација, становите се екстремно скапи – Мрачната страна на животот во Јапонија
7. Јапонија е една од земјите која прави најмногу отпад со пластика. Ако, на пример, купите кутија со колачиња, неретко колачињата ќе бидат индивидуално спакувани во пластика. Во многу продавници можете да најдете и индивидуално спакувани овошја и зеленчуци во пластика.
8. Јапонската традиционална кујна е здрава, но храната што ја консумира поголемиот дел од населението сепак е преработувана и содржи многу адитиви. Па, освен ако немаат многу време за готвење, повеќето Јапонци не се хранат многу здраво.
9. Бидејќи се премногу зафатени, Јапонците ги планираат средбите со саканите и по две недели однапред. Овде тешко дека ќе имате време да отидете на кафе без планирање, кога ќе посакате.
10. Низ улиците во јапонските градови нема корпи за отпадоци – сите си го носат отпадот со себе додека да најдат контејнери. Исто така, сите мора да бидат особено внимателни со селектирањето на отпадот.
11. Во Јапонија е навистина тешко да најдете машки чевли со број поголем од 43, а женски – број поголем од 40.
12. Овде не е препорачливо да јадете на улица. Ако сепак морате да јадете, треба да застанете на помалку прометно место и да бидете што е можно подискретни.
Спирова С. | Црнобело