Никој нема време за релаксација, становите се екстремно скапи – Мрачната страна на животот во Јапонија

Можеби ние се восхитуваме на трудољубивоста на Јапонците, но тие работат толку многу, што постојано се преморени и немаат време ни за семејството, а не па за хобија или релаксација.

nikoj-nema-vreme-za-relaksacija-stanovite-se-ekstremno-skapi-mrachnata-strana-na-zhivotot-vo-japonija-01.jpg

Културата на Јапонците, генијалните изуми и организираноста не престануваат да нè восхитуваат, но во Јапонија животот не е така „розов“.

Какo секоја земја, и Јапонија си има „мрачна страна“ за која обично не се зборува.

Неколку факти што го докажуваат тоа:

1. Јапонија е релативно мала земја и на поголемиот дел од нејзината територија (околу 73%) има само планини. Останатиот простор треба да го делат над 120 милиони луѓе, што значи дека купувањето земјиште, стан или куќа во оваа држава може да ве чини цело богатство. Токму поради тоа, Јапонците морале да се адаптираат и да научат да живеат во многу мали станови.

nikoj-nema-vreme-za-relaksacija-stanovite-se-ekstremno-skapi-mrachnata-strana-na-zhivotot-vo-japonija-02.jpg

2. Околу 117 луѓе живеат во урбаните средини во Јапонија. Кога на ова ќе ги додадете и милионите туристи кои ја посетуваат земјата секоја година, станува јасно со колкав метеж ќе се соочите во јапонските градови.

nikoj-nema-vreme-za-relaksacija-stanovite-se-ekstremno-skapi-mrachnata-strana-na-zhivotot-vo-japonija-03.jpg

3. Јапонските градови можеби се почисти од кои било други, но овде доминира сивилото. Растенијата и зеленилото се вистинска реткост во големите градови поради ограничениот простор.

nikoj-nema-vreme-za-relaksacija-stanovite-se-ekstremno-skapi-mrachnata-strana-na-zhivotot-vo-japonija-04.jpg

4. Можеби ние се восхитуваме на трудољубивоста на Јапонците, но поради напорното работење тие немаат време за ништо. Многу Јапонци се преморени од работа и речиси и да немаат време за семејството, уште помалку за хобија и релаксација.

nikoj-nema-vreme-za-relaksacija-stanovite-se-ekstremno-skapi-mrachnata-strana-na-zhivotot-vo-japonija-05.jpg

5. Јапонците имаат многу поразлична смисла за хумор од нашата. Па, дури и да сте личност со најдобра смисла за хумор кај нас, веројатно нема да бидете многу забавни за Јапонците.

nikoj-nema-vreme-za-relaksacija-stanovite-se-ekstremno-skapi-mrachnata-strana-na-zhivotot-vo-japonija-06.jpg

6. Разменувањето нежности во јавност не е забрането, но никој не сака да го гледа. Паровите, дури и оние кои се во брак, не споделуваат ни краток бакнеж во јавност. 

nikoj-nema-vreme-za-relaksacija-stanovite-se-ekstremno-skapi-mrachnata-strana-na-zhivotot-vo-japonija-07.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Фотки поради кои ќе посакате веднаш да отпатувате во Швајцарија Зеленило, планини и селца кои изгледаат како од некоја бајка – Швајцарија дефини...
Котор, Скопје: Градови кои имаат стари делови што зрачат со магија (и се совршени за есенска дестина... Старата скопска чаршија е како спој на разни култури и националности и до денес ...
5 најбезбедни европски градови (совршени за жени кои патуваат сами) Иако Италија е романтична дестинација, сепак, е одлично место и за сам...
Кафе и лежалка 4 евра, гиро 4 евра – Како се движат цените на плажа во Неи Пори во 2024? По празникот Духовден и споениот викенд, туристите во Неи Пори велат дека веќе г...
10 причини зошто оваа пролет да одите во Барселона Архитектурата, зелените паркови, но и превкусната храна се мал дел од причините ...
5 дестинации на Медитеранот, совршени за бегство од реалноста во пролет Шарените куќи во Чинкве Тере или старите градби во Малта - која ќе биде вашата м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg