Toп 15 најевтини европски градови за патување во 2022 година
Софија, Бугарија
Ако отседнувате во хостел, хотел со 2 ѕвездички или барате сместување преку Airbnb, ќе ви требаат од 17 до 26 долари. Хотелите со 3 ѕвездички се движат од 39 до 49 долари за ноќ.
Денот можете да го поминете со 42-56 долари, а за храна ќе ви требаат од 15 до 24 долари.
Болоња, Италија
Сместувањето во Болоња ќе ве чини од 25 до 49 долари во хостел, хотел со 2 ѕвездички или преку Airbnb. За подобар хотел ќе ви требаат од 52 до 69 долари.
За храна ќе треба да одвоите од 21 до 30 долари дневно, а за еден ден ќе ви требаат од 53 до 64 долари.
Братислава, Словачка
Можете да најдете поевтино сместување по цена од 16 до 24 долари, или во хотел со 3 ѕвездички по цена од 35 до 48 долари.
Денот ќе можете да го поминете со 39-52 долари, а за храна ќе ви требаат од 14 до 25 долари дневно.
Дрезден, Германија
За хотел со 3 ѕвездички ќе ви требаат од 41 до 58 долари, но можете да најдете и поевтино сместување преку Airbnb или во хостел по цена од 19 до 31 долар.
Дневниот буџет изнесува од 51 до 67 долари, додека за храна ќе треба да одвоите 23-34 долари дневно.
Сплит, Хрватска
Преку Airbnb, во хостел или хотел со 2 ѕвездички можете да најдете сместување по цена од 17 до 25 долари. Во хотел со 3 ѕвездички преноќувањето ќе ве чини од 31 до 49 долари.
За храна ќе ви требаат од 18 до 28 долари на ден, а дневниот буџет изнесува 38-53 долари.
Талин, Естонија
Една ноќ во хотел со 2 ѕвездички, хостел или преку Аirbnb ќе ве чини 20-34 долари, додека во хотел со 3 ѕвездички ќе ви требаат од 37 до 51 долар.
За еден ќе треба да одвоите од 44 до 56 долари, а храната ќе ве чини од 19 до 27 долари дневно.
Букурешт, Романија
Во Букурешт можете да најдете сместување по цена од 16-25 долари во хостел или преку Airbnb, додека за хотел со 3 ѕвездички ќе ви требат 32-51 долар од ноќ.
Храната ќе ве чини од 18 до 24 долари дневно.
За цел ден ќе ви требаат од 41 до 53 долари.
Прага, Чешка
Сместувањето во хотел со 3 ѕвездички ќе ве чини од 42 до 58 долари за ноќ. Поевтина варијанта се хотелите со 2 ѕвездички, хостелите и Airbnb – од 18 до 30 долари за ноќ.
За храна ќе потрошите од 21 до 27 долари дневно, а целиот дневен буџет би изнесувал од 46 до 59 долари.
Спирова С. | Црнобело