Toп 15 најевтини европски градови за патување во 2022 година
Во Краков, Полска, ќе ви требаат од 32 до 45 долари дневно, додека денот во Болоња, Италија можете да го поминете со буџет од 53 до 64 долари.
Фото: Инстаграм
Џон Микисис кој живее во Бостон е искусен патник кој има посетено над 40 земји. Тој има Инстаграм профил со над 66.000 следбеници, како и блог каде што ги споделува неговите искуства, но и совети за оние кои сакаат да патуваат.
Неодамна Џон составил листа со најевтините европски градови за патување за 2022 година, користејќи информации од Airbnb, Booking, Trip Advisor и, секако, неговото искуство.
Џон ги истражил најевтините опции за храна и сместување, како и буџетот што ќе треба да го одвоите за еден ден во секој од градовите.
Па, во кои европски градови можете да поминете најевтино?
Краков, Полска
Во Краков можете да најдете сместување по цена од 12 до 30 долари од вечер ако закажувате преку Airbnb или отседнувате во хостел или хотел со 2 ѕвездички.
За сместување во хотел со 3 ѕвездички, можете да најдете соба по цена од 28-45 долари од ноќ.
За храна би ви требале од 10 до 15 долари дневно.
Еден ден во Краков, би можеле да го поминете со 32 до 45 долари.
Чешки Крумлов, Чешка
Сместувањето закажано преку Airbnb, во хостел или во хотел со 2 ѕвездички ќе ве чини од 20 до 30 долари. За сместување во подобар хотел ќе треба да одвоите од 45 до 67 долари.
За храна ќе ви требаат од 18 до 20 долари дневно.
Можете да го поминете денот со 38 до 87 долари.
Порто, Португалија
Можете да најдете сместување во хостел, хотел со 2 ѕвездички или преку Airbnb по цена од 18-39 долари. За хотел со 3 ѕвездички ќе ви требаат од 35 до 53 долари.
За храна ќе треба да одвоите од 17 до 25 долари дневно, а еден ден во Порто би ве чинел од 43 до 58 долари.
Атина, Грција
Во Атина можете да најдете сместување во хотел со 3 ѕвездички по цена од 35 до 53 долари. Ако барате сместување преку Airbnb или во хостел и хотел со 2 ѕвездички, ќе ви требаат од 18 до 39 долари.
За храна ќе треба да одвоите од 17-25 долари.
Еднодневниот буџет би ви бил од 43 до 58 долари.
Будимпешта, Унгарија
Поевтиното сместување во хостел, хотел со 2 ѕвездички или преку Airbnb ќе ве чини од 14 до 26 долари. За хотел со 2 ѕвездички ќе треба да одвоите од 29 до 48 долари од ноќ.
За храна ќе ви требаат 18-28 долари дневно, а буџетот за еден ден би бил од 46 до 58 долари.
Љубљана, Словенија
Сместувањето во хотел со 3 ѕвездички чини од 38 до 55 долари, додека поевтина варијанта се хостелите, хотелите со 2 ѕвездички и Airbnb – од 15 до 22 долари.
Дневниот буџет би бил од 44 до 54 долари, од кои за храна ќе треба да одвоите од 16 до 25 долари дневно.
Севилја, Шпанија
Сместувањето чини од 23 до 40 долари во хостел, хотел со 2 ѕвездички или преку Airbnb, додека за подобар хотел ќе треба да одвоите од 55 до 73 долари од ноќ.
За храна ќе ви требаат од 19 до 28 долари дневно, а денот би можеле да го поминете до 49-62 долари.