Подводниот ресторан во Бали со уникатен поглед кон аквариум е хит на Инстаграм (фото)
Ресторанот Корал во Бали е дел од познатиот ланец луксузни хотели Кемпински, а она што го прави уникатен е фактот дека е направен во огромен аквариум и се наоѓа под вода - просечен оброк чини околу 60 евра од човек.
Ресторанот е отворен во 2019 година и е првиот „подводен“ ресторан во Бали, а оттогаш привлекува гости од целиот свет.
Во ресторанот, гостите можат да уживаат во локалната индонезиска храна, како и многу специјалитети од азиската кујна, притоа уживајќи во уникатниот поглед.
Ентериерот на ресторанот е инспириран од архитектонски стил кој доминирал од 13 до 16 век во Индонезија, а огромните прозорци нудат неверојатен поглед кон аквариумот кој е исполнет со секакви водни суштества.
Одвреме-навреме, гостите можат да видат и по некој нуркач кој се грижи за одржувањето на аквариумот.
Веднаш по отворањето, ресторанот стана Инстаграм сензација, па социјалната мрежа е преплавена со волшебни фотки од местото.
Овде можете да поминете релативно евтино кога ќе се земе предвид дека станува збор за луксузен ресторан. Односно, ако сакате да јадете во ресторанот, очекувано е да потрошите барем 60 евра од човек.
Повеќе фотки и видеа од уникатниот ресторан:
https://www.instagram.com/p/CZCOy8ilsk0/
https://www.instagram.com/p/CZIrR9Gvs3U/
https://www.instagram.com/p/CZJy7uIpbVm/
https://www.instagram.com/p/CZLv1CCPXVQ/
https://www.instagram.com/p/CYZAUPUP4XX/
Спирова С. | Црнобело