Венеција и уште 9 дестинации ширум светот каде што автомобилите се забранети
Чивита ди Бањореџо, Италија
Ова средновековно гратче се наоѓа во централна Италија, а низ неговите улички можете да се движите само пеш. Всушност, единствениот влез во градот е мост за пешаци.
Сепак, бидејќи некогаш е неопходно, одвреме-навреме можете да видите и мотор или велосипед.
Хидра, Грција
На грчкиот остров Хидра има забрана за моторни возила. Единствено камионите за собирање отпад смеат да поминат низ улиците.
Островот има „јавен превоз“ што обично го сочинуваат магариња и коњи, како и чамци.
Островот Макино, САД
На овој остров има забрана за моторни возила. Забраната не важи само за возилата за брза помош, како и пожарникарските возила.
Кловели, Англија
Во ова англиско селце со нешто повеќе од 400 жители има само една главна улица на која има забрана за моторни возила.
Поради ова, продуктите во продавниците и рестораните се носат со еден вид санки.
Венеција, Италија
Венеција е можеби најголемиот град во кој има забрана за автомобили. Една од главните причини за ова е инфраструктурата на градот – Венеција има бројни тесни улички и многу мостови, па движењето на автомобилите е практично невозможно.
Спирова С. | Црнобело